Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СПОРТ
Незгодата на Словенката се случи во второто полувреме по што беше повлечена од игра и не се врати на теренот до крај. По мечот заврши во болница, а најавите се дека ќе паузира во наредниот период
Амир Вејнтрауб за израелски „Тајмс“ истакна дека непристојни предлози стигнуваат и до најдобрите меѓу кои и Новак Ѓоковиќ. Финансискиот надомест за еден пораз, вели тој, е колку заработката на просечен играч во цела сезона
Германката во полуфиналето, за час и 15 минути, ја совлада Агнешка Радванска со 6:2, 6:1. Големото финале утре напладне (12.30 ч.). Завршниот турнир во сезоната кај дамите е со награден фонд од седум милиони долари
Вардарки ја совладаа Астраханочка со 31:26 во третото коло во групата во Лигата на шампиони. Андреа Пенезиќ најефикасна со 10 гола
Во мисијата на шампионот се вклучиле и Буфон, Бонучи и Кјелини, но заменик капитенот на „волчицата“ ги одбил. Тој води преговори со Рома за продолжување на соработката што во случај да пропаднат ќе замине, најверојатно, во САД
Словачката тенисерка ја совлада Кузнецова со 1:6, 7:6, 6:4 и за мечот за титулата ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Полјачката Агнешка Радванска и водечката на ВТА листата, Анџелик Кербер од Германија
Мечот во Астрахан почнува во 15 часот. Вардарки со победа остануваат први во групата Б пред реваншот со рускиот првак на 5 ноември во Скопје
Само еден поглед на табелата упатува на заклучок дека нè очекува најтесната и најнеизвесна борба за тронот во средина што ги обединува некои од најголемите тренерски имиња како Мурињо, Гвардиола, Венгер, Конте, Клоп
За претседателот на САД во заминување, „вориорси“ се први фаворити за шампионскиот прстен најмногу поради, како што и самиот образложи, доаѓањето на Кевин Дурант
Фенербахче го совлада Галатасарај со 103:87. Тимот на македонскиот интернационалец со максимален ефект по четири кола како и ЦСКА Москва, противникот, пак, заедно со Уникс Казан сè уште не знаат за победа во сезоната
Четврти погодок за напаѓачот за Палермо, вкупно шест во сезоната со оние два за Македонија против Израел и Италија. Неговиот тим загуби на „Ренцо Барбера“ од Удинезе со 1:3
Џонатан Симонс, резервистот на Сан Антонио Спарс, и неговиот животен пат до соблекувалната на Грег Попович ги фрла во втор план индивидуалните остварувања на кошаркарските ѕвезди во САД во премиерните мечеви од сезоната