Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа, Премиерлига: Еден бод дели пет клуба, кој прв до целта?

0
By Нова ТВ on October 29, 2016 СПОРТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 29, 2016 08:21

На излез сме од октомври. Зад нас се само девет меча во англиската Премиерлига и нормално е рано за какви било прогнози за шампионската титула. Ако се фрли само еден поглед на врвот на табелата, се доаѓа до заклучок дека можеби нè очекува најтесната, најнеизвесната, највозбудливата борба за тронот. Средината ги обединува некои од најголемите тренерски имиња како Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола, Арсен Венгер, Антонио Конте, Јирген Клоп, итн. Петте клуба што во моментот го водат фудбалското оро на Островот ги дели еден единствен бод, па затоа е идеален момент за „земање на мерка“ на нивните шанси за бодовно бегство во конкуренцијата.

Манчестер Сити (1. место, 20 бода)

Предности: „Граѓаните“ го имаат најдобриот напаѓач во Премиерлигата. Тоа е Аргентинецот Серхио Агеро. Во средниот ред го имаат Кевин е Брујн кој важи за еден од најдобрите креативци и најдобриот млад играч, Рахим Стерлинг. Под водство на Пеп Гвардиола имаат јасно дефиниран систем на игра што сè уште не може да се каже за нивните градски ривали.

Слабости: Одбраната. Џон Стонс, се чини, не може да одигра натпревар во високо темпо, максимална концентрација и без да направи голема грешка додека Клаудио Браво се покажа како непостојан или несигурен кога настапува под притисок. Во ситуација кога Гвардиола не е подготвен да укаже доверба на Винсент Компани, а Белгиецот, пак, не е подготвен да верува во себе, дефанзивната линија во голема мера се чини недоветна на предизвикот.

Шанси за титула: Важат за фаворити под услов да направат корекции во одбраната.

Фото: Manchester Evening News
Фото: Manchester Evening News

Арсенал (2. место, 20 бода)

Предности: Екипата, веројатно, го поседува најдобриот среден ред и голман (Петр Чех) во Премиерлигата. Меѓусебно добро се познаваат, знаат што треба да прават, можат многу да истрчаат, имаат одличен преглед, можат да предвидат противник. „Топчиите“ на терен наликуваат како да летаат и може да имаат огромен бенефит од Алексис Санчез во стартниот состав и младиот Тео Волкот кој знае да биде присутен насекаде.

Слабости: Искажувањето на Арсенал кон врвот и одржување на него ќе биде условено и од прилична доза на среќа. Ја имаа во дуелот со Саутемптон што го добија со гол од пенал во самата завршница пред контроверзниот триумф над Барнли со „ракометниот“ гол на Лоран Кошчелни во судиското продолжение на што „топчиите“ и тоа како ќе се присетат ако на крајот ја освојат титулата со два бода разлика. Таквиот тренд сигурно нема да продолжи. Нивните објаснувања за кревкиот менталитет стануваат здодевни. И кога очекувате од нив на „нагазат“, тие знаат да покажат истрошеност што носи и распад на системот.

Шанси за титула: Месец ноември ќе открие многу по прашањето за титула на Арсенал. Ги очекуваат дерби мечеви со Тотенхем и Манчестер јунајтед во „сендвич“ на два во Лигата на шампионите. Досега минаа добро и направија доста во лов да останат при врвот.

Фото: telegraph.co.uk
Фото: telegraph.co.uk

 

Ливерпул (3. место, 20 бода)

Предности: Ливерпул има медиокритетен состав што може да се прилагоди на многу противници и ситуации. Јирген Клоп успева да го извади на површина секој детаљ од талентите, секој атом од нивние сили. Германецот ја трансформира, претходно, напукнатата одбрана во тешко пробивен ѕид и им помогна на Филипе Кутињо и Роберто Фирмињо да „експлодираат“ во фудбалери што може да решат натпревар.

Слабости: Прашање е дали тие двајца се доволни и дали тимот располага со доволно разновидни оружја за „палба“? – Не можат и не смеат да се потпрат само на играчите од средниот ред за постигнување на голови. Преостанува дилемата кога Даниел Стариџ ќе почне да го разубедува Клоп.

Јирген Клоп

Шанси за титула: Ливерпул веќе чувствува предност од немањето на европски обврски. Без пораз минаа на три тешки гостувања, на „Емирати“, на „Вајт Харт Лејн“ и на „Стемфорд Бриџ“ од каде понесоа вкупно седум бода. Победите против Арсенал и Челзи и ремито со Тотенхем се голема завршена работа во пресрет на натпревари со, релативно, послаби ривали во кои „црвените“ на Клоп ќе важат за фаворити што ќе мора и да потврдат.

 

Челзи (4. место, 19 бода)

Предности: „Сините“ немаат примено гол по менување на формацијата во 3-4-3 на што се реши Конте по поразот од Арсенал. Оттогаш беа совладани Хал (2:0), Лестер (3:0) и Манчестер јунајтед (4:0). Еден Азар се врати на своите импресивни игри, а Нголо Канте се издигнува во адекватен пример за покривање и помош на дефанзивната линија што до шестото коло знаеше да прави груби грешки и да биде лесно порозна.

Слабости: Дилема за одбраната. Ќе може ли тројката позади дури и со асистенција на двата офанзивни бека по страничните позиции и Канте пред нив да ги држи понастрана подобрите тимови во лигата. Особено ова важи кога дел од триото  се Давид Луиз и Гери Кејхил?

Еден Азар

Шанси за титула: И Челзи, како и Ливерпул, е во предност со самиот факт што не учествува во европските купови. Но, сè уште ќе треба да се види како нивниот систем ќе функционира против екипи како Арсенал од кого загубија со 3:0 што го принуди Конте да прибегне кон тактички измени. Само затоа може да се каже дека засега титулата е далеку од нив.

Тотенхем (5. место, 19 бода)

Предности: „Спарси“ имаат млад и „гладен“ тим кој сè уште се вклопува во филозофијата на висок пресинг на Маурисио Покетино. Може да се пофалат дека го имаат, можеби, најдоброт стоперски тандем во Премиерлигата во Тоби Алдервирелд и Јан Фертонген и Виктор Ванјама кој може да направи деструкција на сечиј среден ред.

Слабости: Тотенхем не постигна доволно голови и очајно му е потребно враќање на Хари Кејн во старата добра форма.

Фото: totenham hotspur
Фото: totenham hotspur

Шанси за титула: Можеа да бидат единствен непоразен тим, а имаат најмногу нерешени натпревари во однос на екипите на водечките четири позиции. Нештата во голема мера ќе зависат од рехабилитацијата на Кејн и тимскиот капацитет за (не)повторување на ефектите од минатата сезона.

 

 

 

Англија Арсенал Ливерпул Манчестер Сити Премиерлига Титула Тотенхем фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.