Најдобрата светска тенисерка во моментот, Анџелик Кербер ќе игра против Доминика Цибулкова во финалето на ВТА Мастерс во Сингапур, завршен турнир за оваа сезона кај дамите.

Германката во полуфиналето ѝпрепушти само три гема на Агнешка Радванска од Полска. Мечот што траеше час и 15 минути го доби со 6:2, 6:1. Цибулкова претходно ја совлада Светлана Кузнецова со 1:6, 7:6, 6:4.

Големото финале е утре напладне (12.30 ч.). Завршниот ВТА Мастерс во Сингапур е со награден фонд од седум милиони долари.

ВТА Мастерс, Сингапур

Полуфинале, резултати

Кербер (Германија) – Радванска (Полска) 6:2, 6:1

Цибулкова (Словачка) – Кузнецова (Русија) 1:6, 7:6, 6:4