Browsing: СВЕТ

Новата методологија обезбедува реверзибилност на процесот, како што бараше Франција, што значи дека преговорите со некоја земја-кандидат можат да стопирани или вратени од почеток доколку не покажува напредок или има назадување. Документот што денеска го објави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји содржи четири столбови: кредибилитет, политичко управување, динамичност и предвидливост односно условеност

Последните случаи на вирусот се откриени на крузер што пристигнал од Јапонија, во кој се забележани 10 инфицирани лица што било причина за сите 3.700 патници и членови на екипажот на бродот да бидат задржани во карантин во наредните, најмалку, две недели

Од компанијата соопштија дека загубите се должат на затворањето на забавните паркови „Дизниленд” во Шангај и во Хонг Конг кои се под клуч од крајот на јануари поради епидемија на болеста во Кина

Наместо да се шири страв и паника, треба само да се подготвиме. Затоа што бројот на заразени (надвор од Кина, н.з.) е 146, и тоа според сите стандарди, е многу ниско“, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Фактите, повторно, се следни: Не помагаат маски за дишење, антибиотици, вакцини или лук, помага: редовно миење раце и избегнување директен контакт со заболени