Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека претрпела загуба од 175 милиони долари поради затворањето на забавните паркови „Дизниленд” во Шангај и во Хонг Конг. Двете тематски атракции се под клуч од крајот на јануари како последица на епидемијата од коронавирус во Кина, соопшти главниот финансиски директор на компанијата, Кристин Меккарти.

„Затворањето на парковите се случува во тримесечие кога вообичаено имаме зголемена посетеност и вработувања за празнувањето на Кинеската Нова година“, рече Меккарти за „Си-Ен-Би-Си“

Според неа, точните загуби на компанијата ќе зависат од тоа колку долго парковите ќе останат затворени и за колку брзо ќе може да ја обноват својата нормална работа.