Browsing: СВЕТ

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша денеска контроверзниот закон со кој се овозможува прогласување на новинари и корисници на интернет за „странски агенти“, а кој е критикуван од невладини организации за заштита на човековите права.

Неговиот советник, Пат Чиполоне, во писмото до демократот Џеролд Надлер наведува дека од претседателскиот тим „не може да се очекува да учествува во дебатата се додека не бидат именувани сведоци и не е јасно дали Одборот за правда ќе му дозволи на претседателот фер процес преку дополнително сослушување“

Неговата групација „Агроферт“, според магазинот „Форбс“, е вредна 3,5 милијарди долари, а компаниите во нејзини рамки се приматели на најголеми субвенции од ЕУ за спроведување земјоделски и инвестициски фондови во Чешка

 Девет луѓе денеска загинаа во стампедо во предградие на бразилскиот град Сао Паоло откако двајца осомничени, кои ги бркала полицијата, влетале помеѓу насобраниот народ кој присуствувал на улична забава.

На првата средба, што се одржа во Владата присуствуваа министри, претставници на хуманитарни организации, Академијата на науките, универзитети, на банки, потоа инженери, архитекти и градежници.

Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, објави дека фокусот на работа на нејзиниот тим ќе биде зајакнување на улогата на ЕУ во светот, заштита на климата, дигитализација, но и доближување на Западниот Балкан до Европската унија

Европскиот сеизмолошки завод соопшти дека епицентарот бил на 23 километри од Драч, 42 километра северозападно од Тирана и со јачина од 4,5 степени по Рихтеровата скала што е најсилен по разорниот земјотрес на 26 ноември во кој загинаа 51 лице, а околу 2.000 се повредени. Два земјотреса ноќеска беа регистрирани и во БиХ

Поранешната прва жена министер за одбрана на Грузија, во интервју за МИА, говори за руското влијание, аспирациите кон НАТО и Европската Унија (ЕУ), случувањата по недобивањето датум за преговори на Северна Македонија со Унијата, подготвеноста за сајбер-напади