Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп не испраќа свој претставник на сослушувањето за импичмент

0
By Нова ТВ on December 2, 2019 СВЕТ
Фото: news.sky.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2019 11:53

Белата куќа со писмо до спикерот на Одборот за правда во Претставничкиот дом потврди дека претседателот Доналд Трамп нема да испрати својот претставник на расправата за отповикување. Неговиот советник, Пат Чиполоне, во писмото до демократот Џеролд Надлер наведува дека од претседателскиот тим „не може да се очекува да учествува во дебатата се додека не бидат именувани сведоци и не е јасно дали Одборот за правда ќе му дозволи на претседателот фер процес преку дополнително сослушување“.

Членовите на демократите во Одборот за правда сè уште не го коментираа одбивањето на Белата куќа да учествува во дебатата, што би бил првиот случај на директно вклучување на Трамп во процесот на отповикување, чие прво рочиште ќе се одржи в среда. Истражители од Конгресот испитуваат дали Трамп ја злоупотребил својата моќ со условување на американската воена помош на Украина со покренување истрага за синот на поранешниот потпретседател Џозеф Бајден, кој би можел да биде противкандидат на Трамп на претседателските избори во 2020 година, како и истраги за наводно украинско мешање на претседателските избори во САД во 2016 година.

Три одбори на Конгресот – за разузнавачки работи, за надворешни работи и за надзор би требало оваа недела да објават службен извештај за собрани докази откако парламентарците ќе се вратат утре од одмор поради Денот на благодарноста. Први во низата правосудни постапки ќе биде сослушувања на правни експерти што е во согласност со постапката за отповикување на претседателот утврдена со американскиот Устав. Рочиштата пред одборот што е одговорен за подигнување какви било формални обвинувања против Трамп, се главен чекор кон можни обвинувања.

Доналд Трамп импичмент САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.