Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот состав на Европската комисија го почна својот петгодишен мандат

0
By Нова ТВ on December 1, 2019 СВЕТ
Фото: ekathimerini.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 1, 2019 13:39

Денеска почнува со работа новата Европската комисија (ЕК) на чело со Урсула фон дер Лајен, прва дама на функцијата. Главното извршно тело на Европската унија (ЕУ) по својот состав и функции наликува на влада со тоа наместо терминот министер се користи комесар. Секој е задолжен за различен ресор и доаѓа од различна земја членка на ЕУ.

Новиот состав на Европска комисија обезбедува највисок родов баланс досега, односно од 27 највисоки позиции, 11 ги држат жени. Комисијата, која во наредните пет години ќе биде една од трите најважни институции на ЕУ, покрај Парламентот и Советот, ја сочинуваат претседателката, 25 комесари и шефот на дипломатијата на ЕУ, кој воедно е потпретседател на ЕК.

Претседателката на Комисијата објави дека во фокусот на работа на нејзиниот тим во текот на мандатот ќе биде зајакнување на улогата на ЕУ во светот, заштита на климата, дигитализација, но и доближување на Западниот Балкан до Унијата. Фон дер Лајен истакна дека во работата со регионот најмногу ќе и помогнат шефот на дипломатијата на ЕУ и комесарот за проширување.

Фото: euobserver.com

Досегашната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, ја менува досегашниот министер за надворешни работи на Шпанија, Жозеп Борел. Претставувајќи ја својата програма, тој изјави дека сака лично да се посвети на „реформите и процесот на интеграција на Западен Балкан“. Борел во истовреме ќе посредува и во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Оливер Вархељи го презема ресорот за проширување од Јоханес Хан, во момент кога во ЕУ се води расправа за реформите во пристапната политика. Вархељи оцени дека не треба да се менува целата рамка на политиката за проширување, туку дека треба да се подобри методологијата.

Европската комисија соопшти дека новиот комесар за проширување во вторник на 3 декември ќе учествува на конференција на високо ниво посветена на европската интеграција на Западен Балкан.

Е’вропска комисија мандат Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.