Browsing: СВЕТ

Вкупно три лица беа повредени во напад со нож што се случи вчера во главната трговска улица во Хаг. Нападот се случи на прометна улица каде што жителите биле на масовен шопинг на т.н. „Црн петок“

Хрватскиот европратеник, кој е именуван за известувач за Црна Гора во Европскиот парламент, но ќе раководи и со работна група за цел Западен Балкан, верува дека е можно деблокирање на работите во регионот и прашањето за проширување на Унијата да се направи еден од приоритетите

Новоизбраниот претседател на Европски совет Шарл Мишел во интервју за полскиот весник „Газета виброча“ изјави дека до мај и самитот ЕУ-Балкан ќе биде јасно како ќе изгледа реформата на Европска Унија и дали истата ќе биде формален услов за согласност за отпочнување преговори на Унијата со Северна Македонија и Албанија.

– За време на празниците, безбедносните мерки во Грција остануваат зголемени поради континуираните закани од интернационални терористички организации и поединци инспирирани од насилна екстремистичка идеологија низ Европа. Насилните екстремисти продолжуваат да се фокусираат на локации како што се божиќни празнични базари, трговски центри, аеродроми, клубови, ресторани, места за богослужба, транспортни центри и други места што ги посетуваат туристите, се наведува во соопштението ос Амбасадата на САД во Грција.

Британската полиција го идентификува напаѓачот, кој вчера во Лондон усмрти две лица како 28-годишниот Усман Кан, кој во 2012 година бил обвинет за тероризам, а минатата година бил условно ослободен.

Целта е да се бојкотира празничниот шопинг со огромни попусти и да се повика на промени во обичниот животен стил, за контрола над еколошките процеси.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со францускиот колега Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на самитот на НАТО во Лондон, следната недела, соопшти денеска Белата куќа.

Западниот брег на САД од вчера, Денот на благодарноста, е зафатен со невообичаено моќна зимска бура, и поради се уште активните жаришта од неодамнешните пожари, на некои места сега има снег и оган.