Премиерот на Малта, Џосеф Мускат, обвинет за политичка вмешаност во истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, ќе ја напушти функцијата на 18 јануари, откако Лабуристите ќе изберат нов лидер, соопштија извори блиски до партијата.

Мускат наскоро се очекува да потврди дека внатрепартиските избори на Лабуристичката партија ќе се одржат на 18 јануари, велат истите извори и додаваат дека нема да биде назначен привремен лидер, затоа што премиерот ќе поднесе оставка веднаш штом се избере негов наследник.

Фото: maltatoday.com.mt

Шефот на кабинетот на премиерот неодамна поднесе оставка, а извори блиски до истрагата за убиството на новинарката тврдат дека тој бил повикан во полиција на сослушување.

Дафне Каруана Галиција беше убиена со бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година.