Холандската полиција вечерва соопшти дека уапсила маж кој е осомничен за вмешаност во вчерашниот напад со нож во Хаг во кој беа повредени три лица.

„Еден 35-годишен маж е уапсен во центарот на Хаг“, е објавено на Твитер налогот на холандската полиција од каде додаваат дека лицето, чиј идентитет не се открива, било без регулиран постојан престој.

Вкупно три лица беа повредени во напад со нож што се случи вчера во главната трговска улица во Хаг. Нападот се случи на прометна улица каде што жителите биле на масовен шопинг на т.н. „Црн петок“.