Browsing: СВЕТ

Сепак, поради периодот на политичка нестабилност и последователни избори, некои реформи беа предмет на „брза законодавна постапка во 2016 и 2017 година, без соодветни консултации со сите засегнати страни.“ Властите ќе мора да преземат чекори за да обезбедат “одржливост и неповратност на реформите”, рекоа пратениците од 47 земји членки на Советот на Европа..

Путин им изјави на новинарите во пресрет на состанокот дека тој смета дека средбата со Трамп е добра можност да се продолжи со дијалогот по самитот во Хелсинки, каде што двајцата лидери имаа средба во 2018 година.

– Одлуката на САД да се повлечат од Договорот за ограничување на системот на противракетна одбрана 2002 година и да го напуштат Договорот за ликвидација на ракети од среден и кус дострел го стави светот во ризик од нова трка во нуклеарно вооружување, оцени Путин.

„Денеска НАТО презеде уште еден важен чекор во нашето приспособување со прифаќањето на првата вселенска политика“, напиша Столтенберг на Твитер за време на средбата на министрите за одбрана во Брисел.

Најголемата косовска опозициска партија Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) побара од Владата на Рамуш Харадинај веднаш да поднесе оставка, откако Уставниот суд го прогласи за незаконски државниот тим за преговори со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ-Буриќ вечерва е избрана за нов генерален секретар на Советот на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Земјите членки на НАТО се договорија дека доколку Русија до 2 август не се усогласи со нуклеарниот Договор за ракети од среден дострел, како одговор ќе бидат преземени низа политички и воени мерки против Москва, соопшти вечерва генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Неизгасната цигара или дефекти во електричната инсталација се можни причини за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што се случи во април годинава, соопшти денеска Јавното обвинителство на Париз, отфрлајќи ја можноста за намерно подметнување на огнот.