Browsing: СВЕТ

На свеченоста кај Владичин Хан присуствуваше српскиот државен врв, претставници на дипломатскиот кор кај северниот сосед, а меѓу официјалните лица беше и македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески

Бродовите се дел од холандската и канадската морнарица и нивното пристигнување, според командантот на француската морнарица Сјоерд Фенстра, претставува „признание за придонесот на Албанија, како дел од мисиите на НАТО на копно и на море“

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Загреб каде на плоштадот „Свети Марко“ ја пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. За време…

Прегратки, бакнежи, бои на виножито ја преплавија денеска Тирана по повод Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија кој има…

Неговата одлука доаѓа по видео снимката што се појави преку германските медиуми, а на која се гледа како на наводна ќерка на руски милијардер ` нуди државни работи во замена за финансиска поддршка на неговата партија во јули во 2017 година

Германскиот магазин „Шпигел“ синоќа објави снимка, направена на 24 јули во 2017 година на шпанскиот остров Ибица, на која се појавуваат Штрахе, кој е лидер на екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) и неговиот партискиот потпретседател Јохан Гуденус, во разговор со наводната внука на рускиот олигарх, која тврди дека сака да купи удел во виенскиот весник „Кронен Цајтунг“

Според податоците на Канцеларијата за етичка контрола, луксузниот хотел на Трамп во Вашингтон лани заработил 41 милион долари, што е повеќе отколку една година претходно, но приходите на одморалиштето Мар-а-Лаго изнесувале 22,7 милиони долари, што е за 2,5 милиони помалку отколку во 2017 година

Видео насловено „Дали може да се купи австрискиот вицеканцелар“ го објави германскиот магазин „Шпигел“ чии новинари во соработка со колеги од „Зидојче Цајтунг“ му го наместиле целиот случај на Штрахе

Поранешниот шеф на британската дипломатија и некогашен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон е главен фаворит за наследник на Тереза Меј за местата лидер на Конзервативната партија и премиер на Велика Британија, покажува анкетата на јавното мислење на агенцијата „ЈуГов“ изработена за потребите на весникот „Тајмс“.