Browsing: СВЕТ

Разговорите меѓу британската премиерка Тереза Мај и претставниците на опозициската Лабуристичка партија за постигнување компромис околу Договорот за Брегзит завршија без резултат, соопшти денеска претставник на Даунинг стрит 10.

Франција денеска од Финска го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа, на состанокот во Хелсинки на кој присуствуваа 30 министри за надворешни работи на земјите членки на оваа најстара паневропска организација, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин денеска поднесе оставка на функцијата преку видео објавено на неговиот профил на Фејсбук, во кое најавува и дека ќе се кандидира за пратеник во Парламентот на Украина, Врховната рада.

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на пацифичкиот брег на централноамериканската држава Никарагва, соопшти Американскиот геолошки институт.

Русија го промени тонот кон Советот на Европа, изразувајќи пофални зборови за него, што се оценува како подготвеност на Москва да остане членка на оваа најстара паневропска организација, јави дописникот на МИА од Стразбур.