Browsing: СВЕТ

Странските земји почнаа да го евакуираат персоналот од Либија поради влошување на состојбата во таа земја, каде што меѓународно признаената Влада на национално единство денеска објави дека започнува контранапад против силите на командантот Калиф Хафтар.

Мисијата на Обединетите Нации во Либија денеска повика на примирје во траење од два часа во јужниот дел на престолнината Триполи, каде што се водат борби меѓу силите на двете ривалски либиски влади.

Надлежните претпоставуваат дека дрогата е дел од товарот на бродот што пред десетина дена се преврте во делтата на Дунав. Уличната вредност на запленетата пратка се проценува на околу 300 милиони евра

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека се уште не го прочитал извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер, кој ги истражуваше контактите меѓу учесниците во предизборната кампања на Трамп и Русија, пред претседателските избори во 2016 година.