Холандски борбен авион од типот „Ф16“ се погодил самиот со автоматско оружје за време на воена вежба, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извори од истрагата. Армијата сè уште не е сигурна како точно се случил инцидентот.

Борбениот авион „Ф16“ претрпел „сериозна штета“ откако бил погоден со проектил за кој е утврдено дека е негово оружје. Бизарниот инцидент се случил во јануари и од тогаш е под истрага, јавуваат локалните медиуми.