Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криза во Венецуела: Мадуро за дијалог, Гуаидо за улица

0
By Нова ТВ on April 7, 2019 СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 7, 2019 14:14

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за време на митинг во Каракас упати нов апел до опозицијата за дијалог, додека претседателот на Народното собрание, Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на земјата, повторно побара од своите поддржувачи да излезат на улиците, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Во Венецуела, која се соочува со најсериозната политичка криза во својата историја, поддржувачите на Владата и опозицијата одржаа протести низ земјата. На двата посебни митинга во главниот град учествуваа илјадници граѓани на Венецуела, од опозицијата, но и оние кои ја поддржуваат Владата.

„Ја повторувам мојата доброволност и поддршка во насока на барање преговори, дијалог и договор за доброто и иднината на Венецуела, истакна Мадуро.

Осврнувајќи се на состанокот одржан во главниот град на Уругвај, Монтевидео, на кој присуствуваа и претставници на Европската Унија, Мадуро упати апел до претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, претседателот на Уругвај, Табаре Васкез и до претседателот на Боливија, Ево Моралес, да бидат посредници во потрагата по дијалог.

Мадуро, исто така, побара и другите претседатели на држави во светот да кренат глас за ставање на крај на агресивниот став на претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот кабинет против Венецуела.

„Народот на Венецуела не заслужува толкава омраза и агресија“, рече Мадуро, додавајќи дека колку и да се спроведуваат санкции, тие ќе постигнат победа.

Мадуро се осврна и на прекините на електрична енергија, тврдејќи дека последниот прекин бил предизвикан од сајбер напади извршени од Колумбија и Чиле. Претседателот на Венецуела нагласи дека ќе продолжат да се борат против прекините на електрична енергија и проблемите со водоснабдувањето и од народот побара да биде трпелив.

Поддржувачите на опозицијата кои се за новиот план на Гуаидо за улични демонстрации, поддржан од САД и наречен „Операција за слобода“, маршираа од подрачјата на Сукре, Барута, Либертадор и Чакао во Каракас, кон митингот одржан во подрачјето на Ел Маркес.

Гуаидо во своето обраќање на митингот нагласи дека овој марш, покрај протестите против прекинот на електрична енергија и водоснабдувањето, се одржа и со барање за оставка на Владата.

Гуаидо рече дека в среда ќе минат на друга фаза во „Операцијата за слобода“, упатувајќи апел до поддржувачите на опозицијата за повторно одржување демонстрации низ земјата.

Венецуела дијалог Николас Мадуро протести Хуан Гуаидо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.