Browsing: СВЕТ

Ситуацијата пред албанскиот Парламент и понатаму е тензична. Медиумите јавуваат дека неколку полицајци се повредени со тврди предмети, но јавуваат за повредени и меѓу демонстрантите

Цел на демонстрантите повторно беа продавници за луксузни стоки близу до Триумфалната порта, а судирите со полицијата се случија кога демонстрантите почнаа да фрлаат чадни бомби и камења врз полициските службеници.

Приврзаници на Брегзит почнаа протестен марш од североисточна Англија до Лондон, обвинувајќи ги политичарите за предавство, бидејќи тие не успеале да ја извадат Британија надвор од ЕУ во рамките на временскиот рок.

Американскиот претседател Доналд Трамп го стави првото вето по неговото стапување на функцијата во Белата куќа.

Повеќе од една третина од американските католици поради педофилската криза во Католичката црква размислуваат да ја напуштат црквата, што е многу поголем број од тој во текот на последниот скандал, покажува најновото истражување на Галуп.

Пред утрешниот протест на албанската обединета опозиција, кој ќе се одржи пред Владата, премиерот Еди Рама порача дека „Влада не паѓа со насилни акти, и оти тоа е на штета на имиџот на земјата, економијата и џебот на граѓаните“.

Меѓународната терористичка група Исламска Држава зајакнува во северниот дел на Авганистан, а тоа претставува голема закана за регионалната безбедност на земјите членки на Шангајската организација за соработка (СЦО), изјави денеска претседателот на Советот на регионални антитерористички структури (РАТС) и првиот заменик директор на Федералната безбедносна служба на Русија (ФСБ) Сергеј Смирнов.