Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз: Најмалку 94 уапсени и 11 повредени во протестите на „жолтите елеци“

0
By Нова ТВ on March 16, 2019 СВЕТ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 16, 2019 17:21

Најмалку 94 лица се уапсени, а 11 се повредени за време на денешните протести на „жолтите елеци” во Париз.

Цел на демонстрантите повторно беа луксузни продавници во близина Триумфалната порта, а полицијата беше предизвикана да реагира, откако демонстрантите почнаа да фрлаат димни бомби и камења врз униформираните службеници.

Притоа беа употребени водени топови за растерување на најагресивните демонстранти кои се лоцираа меѓу продавници на „Картие“ и „Мон Блан“, а се употреби и солзавец.

Демонстрантите запалија автомобилски гуми и кршеа излози на, пред се, луксузни продавници како „Кензо“ и „Лакоста“. Во еден од подметнатите пожари се повредени 11 лица.

На денешните собири што се одржуваат под слоганот „Ултиматум“, на улицата Шанзелизе, по слободна проценка, се собраа околу 8.000 приврзаници на движењето „жолти елеци“, од кои, според францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастане, околу 1.500 се „ултра насилници“ кои пристигнаа во Париз да предизвикуваат немири и судир со полицијата.

Ова е 18 сабота по ред на протести на „жолтите елеци” против политиката на претседателот Емануел Макрон.

„Жолти елеци“ повредени полиција протести судири уапсени Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.