Browsing: СВЕТ

Британската премиерка Тереза Меј останува одлучна да го примени Брегзит во закажаниот рок, 29 март, наведувајќи дека ќе продолжи да бара од Брисел отстапки за договорот при разделувањето, и покрај категоричното одбивање на Европската Унија повторно да преговара.

Членови на Подгоричкиот клуб му ја претставија на Марковиќ  програмата на идната работа на создавање на нов наратив и нова визија за нашиот регион, истакнувајќи дека како членови на клубот се надвор од дневната политика и дека од таа позиција гледаат можност за делување во областите на промовирање на економска, научна и друга соработка.

-На Русија и доставуваме преку пишан документ специфични чекори што може да ги преземе за да се врати на почитување и сочувување на ИНФ договорот, изјави официјално лице на Белата куќа.

Во голема полициска акција во повеќе градови во Албанија, уапсени се 32 лица меѓу нив и полициски службеник, кои се занимавале со недозволена трговија со луѓе од Албанија кон западно европските земји и САД.

Нов протест „1 од 5 милиони” се одржа вечерва во Белград, а на почетокот беше прочитано писмо од студенти на ФПН, барајќи оставка од министерот за образование, Младен Шерчевиќ, бидејќи професорите, кои го поддржаа протестот, ги нарече несериозни.

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Париз на протестот на „жолтите елеци”, а собирот го предводеше Жером Родриг, познат како еден од лидерот на движењето, кој минатата недела беше тешко повреден во око.

Генаралот на воено воздушните сили на венецуелската армија, Франциско Јанез, го призна Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Генералот ова денеска го објави преку видео порака на Твитер.

Поради демонстрациите на двајцата политички опоненти што се одржуваат во време на политичка криза постои ризик од извивање на насилни судири помеѓу опозицијата и безбедносните сили