Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека минало времето за дијалог со Венецуела, како и дека сите опции се на маса.

„Ова не е време за дијалог. Ова е време за дела. Дојде време еднаш засекогаш да се стави крај на диктатурата на Мадуро“, посочи Пенс.

Кризата почна откако претседателот на Венецуела, Николас Мадуро минатиот месец го почна вториот мандат по изборите во 2018 година, за кои опозицијата тврди дека се наместени и организира масовни протести. Во меѓувреме, нејзиниот лидер Хуан Гуаидо се прогласи за привремен претседател на земјата.