Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест и контрапротест во Венецуела: Мадуро и Гуидо вадат народ на улица

0
By Нова ТВ on February 2, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 2, 2019 13:57

Претседателот на венецуелскиот Парламент и опозициски лидер Хуан Гуидо, кој се прогласи за привремен претседател денеска ги повика своите приврзаници да се вратат на улица ширум земјата со цел да го засилат притсокот врз претседателот Николас Мадуро да замине од функцијата.

Од друга страна, социјалистичката Влада на Мадуро, исто така, ги повика своите приврзаници да излезат на улица и да развеат знамиња, за да ја прослават 20-годишнината од Боливарската револуција што ја предводеше поранешниот претседател Уго Чавез.

Поради демонстрациите на двајцата политички опоненти, што се одржуваат во време на политичка криза постои ризик од извивање на насилни судири помеѓу опозицијата и безбедносните сили.

Во меѓувреме американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон на Твитер напиша дека САД планираат да испратат хуманитарна помош во Венецуела и покрај тоа што Мадуро одбива да ја прифати.

„Во согласност со барањето на привремениот претседател Хуан Гуидо и во консултации со неговите претставници, САД ќе се мобилизираат и ќе транспортираат хуманитарна помош – лекови, хирушки материјали и прехранбени производи за народот на Венецуела. Тоа е време Мадуро да се тргне од патот“, посочи Болтон.

Претходно, американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека минало времето за дијалог со Венецуела, како и дека сите опции се на маса.

„Ова не е време за дијалог. Ова е време за дела. Дојде време да се стави крај на диктатуратана Мадуро еднаш за секогаш“, посочи Пенс.

Гуидо вчера изјави дека ја одбива понудата на претседателот на Мексико и на Уругвај да преговараат со Мадуро, кој потврди дека е подготвен за дијалог и за евентуално посредување на странските држави во изборите.

Кризата почна откако Мадуро минатиот месец го почна вториот претседателски мандат по изборите во 2018 година, за кои опозицијата тврди дека се наместени, а опозицијата почна масовни протести, додека Гуаидо се прогласи за привремен претседател на Венецуела.

#контрапротест Венецуела Николас Мадуро протест Хуан Гуидо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.