Browsing: СВЕТ

Британската премиерка Тереза ​​Меј предупреди дека ако договорот за Брегзит не помине во британскиот Парламент, тоа ќе предизвика поголема поделба и несигурност.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани денеска, на Денот на благодарноста, дека ќе ја затвори границата меѓу САД и Мексико на неодреден временски период доколку неговата администрација утврди дека јужниот сосед „ја загубил контролата“ врз својата страна.

Амазон вчера испратил мејлови на непознат број корисници за да им соопшти дека нивните имиња и електронски пошти биле споделени со трети страни поради техничка грешка, која потоа била поправена. Компанијата исто така им кажа на корисниците дека промените на лозинките не се задолжителни.

Европската Унија оцени дека Турција треба да „преземе решителни активности за да ја смени постоечката тенденција во однос на правната држава и фундаменталните права, се наведува во заедничката изјава по дијалогот на високо ниво меѓу Брисел и Анкара.