Browsing: СВЕТ

Мајкл Коен, поранешниот личен адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, прифатил да се изјасни виновен пред судија во момент кога беше соочен со можноста да биде официјално обвинет за даночна и банкарска измама, јавија неколку американски медиуми.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека новите американски санкции против Русија се неосновани и дека Москва соодветно ќе одговори.

Косовските Албанци, во текот на многу години, не го спроведуваат договореното со Србија, постигнато со посредство на ЕУ, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со српскиот колега Ивица Дачиќ.

Новата рунда преговори за Брегзит заврши без значаен напредок, но со заложби од двете страни за интензивирање на преговорите, порачаа двајцата главни преговарачи, Доминик Рааб и Мишел Барние. Разликите остануваат големи, јави дописничката на МИА од Брисел.

Манафорт е еден од соработниците на Трамп кои се најдоа обвинети за различни кривични дела, во неговиот случај, тој се товари за поднесување лажни даночни пријави, криење на сметки во странски банки и банкарска измама.