Browsing: СВЕТ

Бехрами, кој одлежал казна од 10 години затвор поради учество во организирањето на студентските демонстрации, бил припадник и на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од 1998 до 1999 година, а по војната беше и претседател на Партијата за национално единство, „Уникомб“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа негираше дека Унгарија е една од 14-те земји, кои се подготвени да потпишат договор со Германија за забрзување на процесот на реадмисија на барателите на азил депортирани од Германија, а чешкиот премиер Андреј Бабиш, исто така, одлучно ја отфрли веста дека меѓу овие земји е и Чешка .

„Би-Би-Си“ доби податоци од 17 членки на Унијата кои позитивно се изјасниле по 12.994 британски барања за државјанство во 2017 година, во 2016 година таа бројка била за повеќе од двојно помала (5.025) додека во 2015 година изнесувала 1.800

Според последните информации кои ги пренесуваат албанските медиуми, на местото на инцидентот биле пронајдени седум чаури со што се отфрлаат првичните претпоставки за самоубиство со еден истрел во пределот на главата.

Официјална Виена, која подолг период се ангажира на Западен Балкан, сака да го задржи фокусот на регионот што Бугарија го насочи за време на своето претседавање, а една од целите ќе биде и подобрување на односите на Унијата со земји како што се Русија и Израел

Моментно на пазарот недостасуваат 440.000 висококвалификуван кадар од кои 50.000 инженери во електроиндустријата, 55.000 стручњаци во ИТ секторот, а во секторот производство на машини е распишан конкурс за 11.000 работни места што е речиси за 50 отсто повеќе од 2017 година

Американскиот претседател Доналд Трамп му предложил на францускиот колега Емануел Макрон, Франција да излезе од Европска унија и да склучи билатерален трговски договор со САД, објави денеска „Вашингтон пост“.