Browsing: СВЕТ
Во моментот кога започнал пожарот внатре на првиот спрат престојувал монахот Никодим Солунчев и спас од огнената стихија барал преку прозорот и скокнал во рацете на неколку полицајци кои се нашле во тој момент
Премиерите на Словенија и на Хрватска, Миро Церар и Тихомир Орешковиќ изразија загриженост поради отсуството на ефикасна реакција на мигрантската криза. Тие наведоа дека тоа би можело да го дестабилизира Западен Балкан
Засега нема извештаи за жртви, ниту дека е причинета материјална штета
Со законот се отфрлаат реформите воведени во 2009 година и според критичарите тоа значи политичка контрола врз обвинителите
Според постигнатиот договор, бегалците кои не се соочиле со непосреден личен прогон нема да можат да донесат роднини во Германија во период од две години
Во Женева денес почнуваат мировните преговори за Сирија. И покрај притисокот од ООН и САД, сириската опозиција реши да не присуствува бидејќи смета дека условите за мировни преговори не се исполнети.
Главните обвинувања од опозицијата беа дека Црноја е пријавен на лажна адреса за да избегне плаќање на данок, дека за изградба на куќа во 2009. добил наменски кредит од 56.000 евра од Министерството за бранители, а изградбата не ја започнал. Го обвинуваат и за насилничко однесување против неговата мајка
Црногорскиот парламент по три дена дебата синоќа изгласа доверба на владата на премиерот Мило Ѓукановиќ, а одлучувачка за опстанокот на Владата беше поддршката од страна на опозициската партија Позитивна Црна Гора
Франција и Иран го откажаа дипломатскиот ручек откако Французите одбија да го тргнат виното од менито по барање на Иран
Најмалку 12 луѓе загинаа, меѓу кои повеќето деца откако потонал брод со мигранти источно од островот Самос, соопшти грчката крајбрежна стража. Во акцијата, која се уште е во тек, спасени се 10 луѓе
Шведска со 9,8 милиони жители е една од земјите од ЕУ која прими најголем број бегалци во однос на бројот на жители. Минатата година 160.000 бегалци побарале азил во земјата
Тобира наводно се спротивставува на намерата во Уставот да се воведе дека на осудени за тероризам може да им се одзема државјанството, а на нејзино место ќе биде именуван жесток поддржувач на вакви реформи















