Browsing: СВЕТ
Предложената комесарка од Словенија Аленка Братушек денес ја повлече својата кандидатура да биде член на новата Европска комисија (ЕК) откако стана јасно дека европските пратеници нема да го одобрат нејзиниот избор. На местото на Братушек најверојатно ќе биде именувана Тања Фајон која е словенечки пратеник од социјалистичката група.
Најмалку 14 луѓе загинаа во протестите низ Турција кои се организирани поради одбивањето на властите да спроведат воена акција против џихадистите на групата Исламска држава и заземањето на делови од курдскиот стратешки град во Сирија, Кобани
Во годишниот Извештај за напредокот на земјата, кој ќе биде соопштен денеска се вели „меѓувладиниот договор потпишан помеѓу Србија и Русија за изградба на „Јужен тек“ не кореспондира со законите на ЕУ“
Доколку Србија му воведе санкции на својот најголем политички партнер, Русија, од која зависи нашиот национален државен интерес, тој што тоа ќе го стори во Србија директно ќе работи против националниот и државен интерес, рече Дачиќ во интервју за РТС
Реј Кол, беше обвинет на затвор од четири месеци со неговиот марокански партнер Џамал џем Валд Нас, откако беа пронајдени компромитирачки слики на неговиот телефон
Меѓународната коалиција предводена од САД, која се бори против Исламската држава го нападна центарот на градот Кобани каде што за прв пат влегоа борците на ИСИС; изминатите неколку дена градот Кобани стана главното жариште во борбата против џихадистите
Српските студенти се незадоволни поради помалиот број рокови за полагање и бараат да продолжи финансирање од буџетот на апсолвентскиот стаж, проблеми кои се јавија поради измените во Законот за високо образование
На најновата објавена снимка од претепувањето на братот на Александар Вучиќ се гледа како полицијата го држи повредениот Андреј Вучиќ додека не дојде началникот на полицијата, Веселин Милиќ, па дури тогаш повикаа брза помош
Франција е втора земја по ред во светот на која и се заканува опасноста од смртоносниот вирус ебола во наредните 18 дена, покажуваат најновите резултати од истражувањата
Двајца научници од Јапонија и еден од универзитетот „Калифорнија“ во Санта Барбара се добитниците на овогодинешната Нобелова награда за физика за креирање на ЛЕД светло, трансформациски и сеприсутен извор кој денеска е застапен од осветлувањата во домовите до смарт-телефоните
Во меѓувреме во Европскиот парламент владее вознемиреност поради фактот дека групата Курди успеа да го пробие обезбедувањето и да заземе централни позиции во зградата на парламентот. Дел од пратениците и вработените веќе гласно го отвораат прашањето за ефикасноста на обезбедувањето на зградата на Европскиот парламент
Група од стотина Курди насилно упаднаа во Европскиот парламент, во знак на протест против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Обезбедувањето на ЕП брзо беше совладано, а Курдите заземаа едно од централните места во зградата на парламентот, јавува новинарот Борјан Јовановски од Брисел