Browsing: СВЕТ

Иако Светската здравствена организација прогласи „вонредна состојба во светот“ поради опасноста од ширење на еболата, европскиот комесар за здравство Тониo Борг оцени дека ризиците од болеста во Европа многу мали

Епидемијата на ебола, која е најобемна и најдолготрајна досега, доволно е загрижувачка да се прогласи меѓународна вонредна состојба, а СЗО слична криза прогласи во мај поради детска парализа, како и во 2009 поради пандемијата на свински грип

Израелските воени сили соопштија дека ќе продолжат со нападите врз објектите на терористите во Газа, како одговор на палестинскиот ракетен напад, пренесува Асошиејтед прес. Откако утринава истече 72-часовното примирје, а преговорите во Каиро меѓу Израел и Хамас за ново пограничниот договор стигнаа до ќорсокак, палестинските борци во Газа лансираа најмалку 17 ракети врз Израел

Познаниците на осомничениот за убиството на Тијана Јуриќ велат дека тој денови по убиството се однесувал нормално и дека никој не можел да насети што се случило во Бајмок.
Спските медиуми ја пренесуваат и изјавата на таткото на 15-годишната девојка кој рекол дека не може да го окарактеризира човекот кој ја убил неговата ќерка

Причините за падот на хрватскиот авион МИГ-21 во следните 30 дена ќе ги истражува осумчлена комисија на Министерството за одбрана. Хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ порача дека е подготвен да си даде оставка

Најмалку тројца цивили загинале денеска во воздушните напади на украинските сили врз упориштето на бунтовниците Доњецк. Украинската војска јави дека загубила 18 војници во текот на изминатото деноноќие, додека пак ранети се 54

Министерството за образование на Албанија предлага на Советот на министри да затвори или да суспендира неколу јавни и приватни универзитети кои не ги исполнуваат критериумите- министерката за образование дипломирала на еден од нив