Browsing: СВЕТ

Европската висока претставничка за надворешна политика Кетрин Ештон и шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, побараа повторно преземање чекори за смирување на ситуацијата, поврзани со повлекување на руските трупи долж границата со Украина.

Американскиот претседател Барак Обама потпиша Закон за милијарда долари кредит за Украина, со кој се предвидени и директни санкции за одделни личности во Русија поради припојувањето на Крим

Соопштението доаѓа еден ден откако турски суд одлучи дека забраната на социјалната мрежа во земјата го прекршува правото за слобода на изразување, и побара пристапот да биде повторно слободен

Актуелниот министер за надворешни работи на Украина, Андри Дешчитсија пред Советот на Европа ја потврдил посветеноста на Украина да ги имплементира реформите и да се зацврсти состојбата со човековите права

Сопругата на српскиот претседател и Фондацијата „Драгица Николиќ“ со кампањата „Да не има повеќе“ ќе ги охрабруваат жените во Србија да се одлучат на раѓање, а воедно ќе апелираат за подобрување на условите со породилните сали

Дванаесет припадници на расформираната украинска специјална единица „Беркут“ се приведени под сомнение дека пукале кон учесниците на антивладините протести кои се случуваа низ улиците на Киев

Со денешното покачување на цената за над 40 насто заврши попустот договорен пред политичката криза во Украина во која од власта беше остранет претседателот Виктор Јанукович, поддржан од Москва, а Русија пак изврши анексија на украинската област Крим