Browsing: СВЕТ

Холандските доктори изведоа речиси чудо – на 20 годишна девојка и го вградија првиот пластичен череп испечатен на 3Д принтер. Девојката не само што се чувуствува добро, туку веќе оди и на работа

Овој експерт на лондонската фирма верува дека проблемот е во авионот, а не во пилотите, па потсетува дека по инцидентот со египетскиот авион од пред три години, воздухопловните власти на САД наложија Боинг да го измени системот за довод на кислород во кабината со нов

Тој посочи дека Киев е против воведување на визен режим во односите со Русија. “Не прекинавме ниту еден билатерален договор со Русија. Нашите луѓе имаат многу добри односи со луѓето од Русија”, истакна Јацењук

Рускиот претседател Владимир Путин му телефонираше на американскиот претседател Барак Обама за да разговараат за предлогот на САД за дипломатско решение на кризата во Украина, објави Белата куќа. Обама сугерираше Русија да стави конкретен одговор во писмена форма

Норвешкиот екс-премиер Јенс Столтенберг е именуван како нов генерален секретар на НАТО, на местото на досегашниот Данец Андерс Фог Расмусен.Тој ќе ја преземе функцијата како лидер на 28-члената воена Алијанса во октомври, кога Расмусен заминува по самитот на НАТО во Велс

Соборениот украински претседател Виктор Јанукович во своето денешно јавно обраќање предложи место предвремени претседателски избори, во Украина да се оддржи сеукраински референдум и воедно ја замоли Партијата на регионите да го исклучи од нејзините редови

Индиски теретен авион C-130Ј Херкулес се урна денеска во централната индиска држава Мадја Прадеш, во градот Гвалиор, соопшти портпаролот на индиските авио сили. Сервисот на шпански јазик на „Раша тудеј“ јави дека овој авион учествувал во потрага по исчезнатиот авион MH 370

Со 100 гласа „за“, 11 „против“ и 58 „воздржани“, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата со која се прогласува за неважечка руската анексија на украинскиот полуостров Крим

Јулија Тимошенко беше премиерка на Украина во два мандата; По повеќе од две години во затвор, таа во февруари годинава беше ослободена по соборувањето од претседателската функција на Виктор Јанукович