Browsing: СВЕТ

Нови масовни протести започнаа денеска во Тузла, на кои неколку стотици работници бараат преразгледување на спорната приватизација на нивните претпријатија.Тие протестираат пред Кантоналниот суд и Обвинителството, извикувајќи „крадци“ и „криминалци“

Аргентина не успеа да се договори со кредиторите,кои пред повеќе од десет години не ги прифатија условите за реструктуирање на нејзиниот државен долг, чиј рок за исплата истече вчера на полноќ. Кредиторите сега бараат земјата целосно да ги исплати обврските кон нив

Во истиот камп Џабалија вчера во израелски артилериски напад врз друго училиште на ОН погинаа најмалку 16 Палестинци, меѓу кои и неколку деца. Во меѓувреме, Израел повика 16.ооо резервисти да се вклучат во војната

Некои заедници во земјата ќе бидат ставени во услови на целосен карантин, додека силите на либерската армија почнале да се распоредуваат за да се грижат за почитувањето на владините мерки

Ова ја прави работата на меѓународните експерти “невозможна”, објави агенцијата за безбедност на Украина. Холандските иследници не ги нотираат мините, но објавија дека небезбедни услови ги спречиле од посета на местото на несреќата и тоа четврти ден по ред

Неколку минути после изјавата на Аринч дека жените не треба да се смеатво јавноста, стотици фотографии на кои жените се смеат биле споделени преку социјалната мрежа Инстаграм. Хаштагот на сликите е #kahkaha, што на турски значи гласно смеење

Сведоци изјавиле дека ѕидовите на училиштето во кое илјадници нашле засолниште, се уништени. Според нив во училиштето се истрелани најмалку два проектили. Најмалку 1.200 Палестинци и 55 Израелци се убиени откако Израел ја почна офанзивата на 8 јули. Повеќето убиени Палестинци се цивили

Медијаторот на ОН во грчко-македонскиот спор околу името вчера во Скопје се сретна со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и новиот македонски преговарач, американскиот амбасадор Васко Наумовски.Тој за медиумите во Македонија изјави дека нов предлог околу спорот нема

Тринаесетмина се загинати при бомбардирање на градот Џабалија, а уште 12 Палестинци се убиени при бомбардирање на северниот, источниот и јужниот дел на Појасот Газа, соопшти Ашраф ал кедри, портпаролот на Министерството за здравство на палестинската енклава