Browsing: СВЕТ

Според обвинителите, Морси и другите обвинети, креирале различни активности во име на Муслиманското братство и Хамас, со цел „извршување на терористички напади во земјата како би се предизвикал хаос и државен удар“ од 2005 година до август 2013

Камерите за видео надзор снимиле камиони од кои се симнуваат работи, како и хеликоптер во кој влегуваат луѓе со патни торби, а кој полетува од имот за кој се вели дека е претседателска резиденција

Намјалку 14 луѓе се убиени по експлозија на автомобил-бомба близу болница во сирискиот град Атмех со кој управуваат бунтовниците, близу границата со Турција

Русија, најблискиот сојузник на Сирија, како и Кина, одлучија да се придружат на 15-члениот СБ на ОН во испраќањето на острата порака, пред се до режимот на Башар ал Асад, дека храната, лековите и другите неопходни работи не смеат да бидат блокирани

Најбараниот човек во Мексико и воедно еден од најпознатите наркобосови Хоакин Гузман, е фатен во земјата во операција на американските и мексиканските органи за ред, соопшти „Ројтерс”

Јулија Тимошенко излезе од затвор откако украинскиот парламент донесе закон кој тоа го овозможи.

Претседателот на ЕК Хозе Мануел Баросо на својот твитер напиша: “Го поздравувам ослободувањето на (Јулија) Тимошенко. Независно судство е неопходно за демократска Украина”. Таа на сајтот на партијата напиша “диктатурата падна”.

Виктор Јанукович денес рече дека во државата е направен државен удар и одби да даде оставка додека истовремено опозицијата почна да ги освојува сите делови на власта а парламентот изгласа ослободување на опозиционерката Јулија Тимошенко.

Украинскиот парламент изгласа пред малку резолуција за итно ослободување на Јулија Тимошенко од затвор. Денес исто така на чело на парламентот и во министерството за внатрешни работи беа именувани двајца луѓе блиски до Тимошенко.

Некои од лидерите на опозицијата беа критикувани затоа што потпишале договор со власта. Витали Кличко, еден од опозиционите лидери, рече дека не му претставувало никакво задоволство потишувањето на договорот. “Ако ве повредив, простете ми”.