Browsing: СВЕТ
Написите го цитираат Глен Гринволд, новинарот кој ги објавуваше документите добиени од протекувачот на информации на НСА, Едвард Сноуден
Постои взаемна желба да се прошират политичката и економската соработка на Србија и Франција, заклучија денес францускиот министер за европски прашања Тјери Репентан и српскиот премиер Ивица Дачиќ
Обидот за поставување на таква двојазична плоча на зградата на државната управа беше попречено од страна на демонстрантите, кои ја отстраниле двојазичната плоча со викотници и туркнацини, а при тоа повредена е една полицајка
Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон, Нимиц и бродови од негова борбена придружба, се упатија на запад кон Црвеното Море за да дадат поддршка за можен американски ограничен воен удар врз сирискиот режим
Секоја американска воена акција против Сирија ќе претставува “поддршка за Ал Каеда и нејзините филијали”, соопшти Дамаск
Единствениот предизборен телевизиски дуел од 90 минути, кој го водеа четворица модератори, на канцеларката Ангела Меркел и нејзиниот ривал од СПД, Пер Штајнбрик протече мирно, како и всушност самата изборна кампања
Косовската влада бара да заврши мисијата на Еулекс, nабљудувачите се сомневаат дека институциите на Косово ќе можат сами да се борат против корупцијата и криминалот и да се занимаваат со истрага на воени злосторства јавува Дојче Веле.
Поранешниот претседател на Иран, Акбар Хашеми Рафсанџани изјавил дека сириjската влада го извелa нападот со хемиско оружје на сопствениот народ
Според првичните информации, станува збор за акробатски авион „Злин 242“ од чешко производство кој бил регистриран во Загреб во кој најверојатно управувале двајца пилоти од Загреб
Mинистерот за надворешни работи на САД, Џон Кери тврди дека имаат докази дека во случајот со нападот со хемиско оружје кај Дамаск е употребен отровниот гас сарин
Три години затвор доби Индиецот на кој му се суди како на малолетник, кој заедно со уште четворица мажи минатата година ја силувал и малтретирал до смрт 23 -годишна студентка. На останатите тројца од групата им се заканува смртна казна
Поранешниот претседател на Јужна Африка и борец против апархејдот Нелсон Мандела излезе утринава од болницата во Преторија соопшти актуелниот претседател Џејкоб Зума