Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чартер летови за враќање на заглавените македонски граѓани во странство

0
By Нова ТВ on March 25, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: finavia.fi
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За заглавените македонски граѓани кои се обратија до Министерството за надворешни работи (МНР) за помош при враќање во земјава ќе бидат организирани чартер летови до скопскиот аеродром. Услов за тоа е да ги покријат трошоците за авиобилет и да минат во задолжителен двонеделен карантин на товар на државата. Јавниот повик до авиокомпаниите за организација на чартер летови ќе го упати Генералниот секретаријат, за што Владата донесе уредба на синоќешната седница.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера истакна дека до крајниот рок за пријавување (18 часот на 22 март 2020 година), помош од МНР за враќање во земјава побарале 5.000 македонски граѓани. Досега се обработени 4.000 од пријавите, а 2.100 граѓани се согласиле со поставените услови и ќе се вратат организирано.

Повеќето пријавени граѓани се „заглавени“ во европските земји, а најмногу ги има во Германија. Целта, вели Димитров, е пред сè, да се помогне на оние кои се затечени и не можат да се вратат, оние кои немаат друга дома.

„Нема да имаме ресурси за чартери кон Тајланд и Нов Зеланд, на пример, од каде имаме по еден пријавен граѓанин. Ќе бидеме фокусирани на европските земји од каде доаѓаат најмногу барања“, изјави Димитров.

Владата синоќа донесе уредба со која го задолжи Генералниот секретаријат да упати повик до авиокомпаниите за организација на чартер летовите. Крајниот рок за прибирање понуди е 12 часа од моментот на повикот, а критериумот за доделување на договор за јавна набавка е најниската цена.

Лицата кои ќе се вратат со чартер летовите при влез во авионот ќе потпишуваат договор меѓу нив и Владата во кој ќе гарантираат дека ќе ја подмират сумата за авионскиот билет во рок од 15 дена по пристигнувањето во земјава. Но, ќе пополнат и изјава дека се согласни да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена. За нивни трансфер од Меѓународниот аеродром Скопје до местата што се определени за државен карантин ќе биде организиран превоз.

Влада Коронавирус Македонци странство Чартер летови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.