Published: Friday, July 15, 2016 20:25
Митко Чавков, министерот за внатрешни работи, распиша оглас за нови 600 вработувања во оваа институција.
Според Чавков вкупниот број на службеници во полицијата е далеку зад европскиот просек, каде на 100.000 жители има 300 полицајци .
Обуката на новите службеници под 25 години ќе трае 12 месеци, а за овој конкурс сменет е и Правилникот за селекција, односно спуштени се критериумите за физичките тестови на кандидатите.
Прашан зошто се објавува конкурс за прием на нови 600 полициски службеници во време кога се во тек партиските преговори во Пржино, а една од точките е и ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Чавков вели дека не треба да се мешаат овие процеси со функционирањето на МВР.




