Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чеферин со демант: УЕФА не размислува за Балканска лига

0
By Нова ТВ on December 16, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регионална фудбалска лига под покровителство на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе нема. Барем не сега што не значи дека не може да ја има во иднина. Претседателот Александар Чеферин негираше дека во моментот се работи на подготовка на такво нешто ниту пак е донесена некаква одлука во Нион во тој контекст. Но, истовреме не отфрла можност за разгледување на идејата доколку како официјален предлог дојде од некоја од фудбалките федерации во регионот или биде поднесена како заедничка заложба.

„Нема вистина неодамнешните тврдења за формирање на Балканска лига. Во УЕФА не е донесена никаква одлука за создавање на такво првенство за разлика од написите во медиумите во изминатиот период“, рече Чеферин.

Словенецот кој на функцијата го наследи Мишел Платини нагласи дека националните првенства се основа на европскиот фудбал. Тој, сепак, не исклучува можност за расправање по тоа прашање ако дојде како официјално барање поднесено од некоја од шест федерации на просторите на поранешна Југославија и Унгарија.

„Иако транснационалните шампионати се спомнати во некои случаи, сепак, конкретни  предлози нема. Секоја тава идеја би била разгледана од УЕФА доколку иницијативата ја поднесат национални федерации“, пишува во веста на www.uefa.com.

Медиумите веќе две недели се преокупирани со темата регионална фудбалска лига, проект што е интерес за сите и што доби публицитет, но и различни реакции во секоја од земјите што произлегоа од СФРЈ. Некои напишаа, па и најавија дека проектот би можел да стартува во септември во 2018 година и учесници во него би биле екипи што ќе немаат обврски во фазата ппо групи со Лигата на шампиони и Лига Европа.

Официјални лица од седум држави (Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ, Хрватска, Словенија и Унгарија) неодамна се сретнаа во Загреб на состанок на заедничка иницијатива пришто главна тема беше регионална лига, но без конкретни заклучоци.

Македонија беше претставена од Зоран Стратев, координатор на младински селекции во ФФМ и Ѓоре Јовановски, претседател на тренерската организација при Куќата на фудбалот. Она што го потврдија по враќање во Скопје е начелнно изразената согласност од сите. Иако и самите истакнаа дека е далеку од реализација, сепак, ги споделија позитивнио пристап и размислувањата за заеднички проект што во прво време би опфатил лига за фудбалери до 16 години и, можеби, во женски фудбал. Сето тоа би било во функција на подготвување на терен за Лига со сениорски клубови во блиска иднина.

Александар Чеферин Регионална лига УЕФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.