Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Черних во интервју за НоваТВ: Земјотресот во Битолско-Леринскиот регион е трет во последните 120 години

0
By Mirjana on January 15, 2022 ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 15, 2022 12:39

Последниот земјотрес во Битолско-Леринскиот регион е трет во последните 120 години и е резултат на постојаното „ растење “ на планината Пелистер и со тоа континуираната депресија во Пелагониската котлина. Афтер – потресите можат да траат од неколку денови до неколку месеци во зависност од силината на потресот. Граѓаните да не паничат, да останат смирени и да ги напуштат домовите по престанок на земјотресот, и никако да не се движат по скали или да користат лифтови, вели во интервју за НоваТВ Проф.д-р Драгана Черних Раководител на Сеизмилошка опсерваторија при Природно-математички факултет, Универзиет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Со госпоѓа Черних поразговаравме и за тоа во каква кондиција е опсерваторијата и за потребата од човечки ресурси и опрема и за промена на  начинот на финансирање.Последната набавка на сеизмолошки инструменти (дигитален систем за аквизиција) беше во 2011 година а на сервери 2014 година.Нема млади стручни кадри, последното вработување на геофизичар било во 2012 година.

 

НоваТВ: Госпоѓо Черних дали како сеизмолог може да излезете со проценка, иако е тоа најнеблагодарно, уште колку долго би траела оваа сеизмичка активност на подрачјето на Битола но и во цела Македонија, по земјотресот во неделата вечерта ?

– Серијата земјотреси која може да му претходи и да следи по некој силен земјотрес зависи од самото жариште на земјотресот односно неговиот механизам и ослободената енергија во процесот на ломење како и од придвижувањето на блоковите на раседот кој е активиран. Сериите можат да траат од неколку денови до неколку месеци а за многу силни земјотреси дури и до една година.

НоваТВ: На што се должи толку силниот потрес од  пет и пол степени, дали временскиот интервал од последниот силен земјотрес на тоа подрачје, е  доволен за да се случи нов ваков потрес со голема јачина ?

– Епицентралните подрачја Битола и Битола-Лерин се поврзани со диференцираните движења на Пелистерскиот хорст и Пелагониската депресија. Од север Пелистер е ограничен со сеизмички изразениот Пелистерски расед, а од исток – со исто така сеизмички изразениот Битолски расед. Интензивната тектонска активност на овие раседи трае и денес, како резултат на процесот на издигање на планинскиот масив Пелистер во однос на околните терени, односно Пелагонот.

Причина за земјотресот од 1.9.1994 година, во епицентрално подрачје Битола, беше со локална Рихтерова магнитуда ML5.2 и епицентрален интензитет Io=VII според европската макросеизмичка скала е активноста на Пелистерскиот расед. Тој се протега долж северниот крај на планинскиот масив Пелистер, доста е маркантен, морфолошки изразен во стрмните падини на Пелистер. Интензивната тектонска активноста на истиот расед трае и денес, како резултат на процесот на издигање на планинскиот масив Пелистер во однос на околните терени.

Додека причина за последниот земјотрес од 9.1.2022 година, со локална Рихтерова магнитуда ML5.6 и интензитет во Битола и околината I=VI-VII, е активноста на Битолскиот расед кој е контрасно изразен во релјефот на крајниот југозападен раб на Пелагониската депресија спрема планинскиот масив Пелистер. Раседот е сеизмички активен, а се протега и на територијата на Р. Грција.

Во последните 120 години во ова подрачје се случиле само три земјотреси чии магнитуди се помеѓу ML5.2 и ML5.6, прикажани на сликата

Сеизмотектонска карта на земјотресите од подрачјето Битола-Преспа-Лерин во периодот 1901-2021 (Сините кругови се земјотресите од 2022)

НоваТВ: Иако велат планетата Земја е во постојано движење и како што е, сепак едно прашање кое не е ниту ново ниту неодговорено до сега, а тоа е зошто се случуваат земјотресите и зошто честите земјотреси, како што велите дури и подобро е да ги има?

– Земјината кора на Земјата не е хомогена туку е “искршена” и составена од повеќе геотектонски единици-тектонски плочи кои се во постојано движење едни во однос на други. Тие движења се спори и нивната брзина изнесува неколку сантиметри годишно.

Земјотресите се случуваат како резултат на акумулирање на тектонските напрегања помеѓу геотектонските единици-тектонски плочи од чија активност (придвижување на блоковите) настануваат истите. Во тектонски активни подрачја во случај на посилен земјотрес подобро е остатокот од акумулираната енергија да се ослободи преку поголем број на слаби земјотреси.

НоваТВ: Деновиве сте медиумски активни, и со смирувачки тон настапувате за тоа дека луѓето не треба да паничат и да се плашат кога ќе почне да се тресе тлото под нас. Може ли да ги повторите пораките, што е најдобро да се прави или да не се прави во тој момент?

– Во моментот на случување на земјотресот треба да останеме смирени, да почекаме тресењето/нишањето да заврши па потоа да го напуштиме објектот. За време на траење на земјотресот не треба да се бега по скали и  да не користиме лифт. Секое панично однесување може да резултира со несакани повреди.

НоваТВ: Кога зборуваме за земјотресите, нашата држава се наоѓа на трусно подрачје. Факт е дека градбите последниве години се градат според правила кои претпоставуваат заштита и од повисок степен на удар. Дали се почитува ова правило и колку помага тоа? 

– За објектите изградени по скопскиот земјотрес 1963 година, почнаа да се применуваат правилата за асеизмичко градење, и може да кажеме дека за земјотреси со магнитуда 5 или 6 тие нема да колабираат и претрпат конструктивни оштетувања односно нема да има загуба на човечки животи.

НоваТВ: Колку Сеизмолошката опсерваторија може да одговори на ваква обемна aктивност. Поточно, дали има доволно стручен кадар, или има дефицит од луѓе. Со каква опрема располага, колку е таа нова, современа и софистицирана?

– Нашето најболно прашање. Изминативе 30-тина години постојано имавме стручна екипа од 7-8 сеизмолози, а сега последните 5 години, сме само 3, сите доктори на науки. Од останатиот кадар имаме само еден електро инженер, задолжен за сеизмолошките инструменти. Евидентен е недостигот на стручен кадар, чиј број е повеќе од преполовен. Нема млади стручни кадри, последното вработување на геофизичар било 2012 година.

За современата сеизмилошка опрема, анализа на податоците, изготвување на бази на податоци и нивно чување потребна е и информатичка опрема. А ние немаме систем администратор веќе 7-8 години.

А современата сеизмолошка опрема застарува ако постојано не се обновува. Последната набавка на сеизмолошки инструменти (дигитален систем за аквизиција) беше во 2011 година а на сервери 2014 година.

Но и покрај сето ова со кое се соочуваат вработените на Опсерваторијата, тие засега успешно одговараат на сите предизвици и не заостануваат (значајно) зад достигнувањата во сеизмолошката заедница.

НоваТВ: Што и недостасува на Сеизмолошката опсерваторија и дали институциите ви излегуваат во пресрет на вашите барања?

– Недостасуваат нови вработувања на стручни лица и административен персонал, набавка на нова сеимолошка и компјутерска опрема, лиценцирани познати сеизмолошки софтвери за собирање и обработка на регистрациите, средства за материјално одржување на постојните големи објекти во Скопје, Охрид и Валандово, како и возило за патувања до сите сеизмолошки станици, заради одржување и проверка на опремата и собирање на податоците.

До 2002 година Опсерваторијата беше директно финансирана од Владата, а од тогаш преку УКИМ, од Министерството за образование и наука. Ваквиот начин на финансирање се покажа како неефикасен. Во повеќе наврати во изминатата деценија, Опсерваторијата се обраќала директно до Министерството за образование и наука и наидувала на разбирање и помош. Но тоа е капка во море. Потребно е континуирано финансирање и подршка за потребите на Опсерваторијата.

Во тек се обидите на ова Министерство трајно да ги реши финансиските проблеми на опсерваторијата.

(М.Т.)

 

земјотресите во Македонија интервју Черних
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.