Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Червар: Финиш без памет, со маки во напад и лесно примени голови

0
By Нова ТВ on September 25, 2017 СПОРТ
Фото: rkmetalurg.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Металург го положи оружјето и во вториот настап во групата Д во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот вицепрвак овојпат согоре во сопствениот погон и загуби на домашен терен од Бешикташ со 27:31 (полувреме 14:14). Понесени од силната желба за победа, како што кажа и самиот Лино Червар, „металурзи“ уште од почеток „загубија глава“ во ВИП арената „Борис Трајковски“, а кога работата ќе тргне на криво, на криво и ќе заврши. Брзоплетост, нереализирани пенали и египетскиот голман Хендави внесоа немир кај тимот од Автокоманда, но затоа го овозможија потребниот мир на гостите од Истанбул. Удел во конечниот исход да биде каков е имаше и искуството што беше на страна на турската екипа и лошиот ден на голманите Томовски и Арсиќ.

Фото: rkmetalurg.mk

„Пресуди поголемото искуство што го имаат. Нашиот голман не фати ниту една топка во првото полувреме, нивниот беше најдобар поединец на теренот. Се истрошивме додека израмниме, а потоа нè напушти и концентрацијата. Во завршницата немавме памет, во одбрана примавме лесни голови, во напад се мачевме, па казната стигна. Не сме исклучок дека не сакаме да губиме. Никој не сака порази. Затоа ќе мора да продолжиме со напорна работа и да бидеме трпеливи“, рече Лино Червар по средбата.

Халил Јагањац беше најсветла точка во ростерот на Металург, и воопшто на натпреварот, со девет гола. Кузмановски и Илиќ реализираа по четири, Палевски и Гуглета по три, поддршката од останатите изостана. Особено ова важи за голманскиот двоец Томовски и Арсиќ кои завршија со само четири интервенции, сите на српскиот интернационалец. Нуиќ и Доне со 7 погодоци и Прибак со шест беше тројката на Бешикташ што ја „тероризираше“ одбраната на металурзи, огромен придонес за триумфалното гостување во Скопје имаше и голманот Хендави кој фати десет топки од игра и три седмерци.

„Финишот на првото полувреме беше наш најдобар период. „Издишавме“ во второто и немавме сили да го задржиме темпото. Отсуствуваше и агресивност во одбраната, па Бешикташ заслужено победи на крајот. Пред нас е уште многу работа за развој во посакуваната насока“, самокритичен беше и Јагањац.

Фото: rkmetalurg.mk

Со свој коментар и македонскиот репрезентативец, Немања Прибак кој беше меѓу најзабележителните во екипата на Бешикташ.

„Ние сме поискусни за нијанса, Металург повеќе трчаше во натпревар на екипи што играат на приближно исто ниво. Почнавме добро, зад нас имавме расположен голман, казнивме доста грешки на домашната екипа и заслужено победивме“, изјави Прибак по средбата.

Металург ќе биде домаќин и во третото коло од групата Д. Наредниот викенд (сабота, 17,30 ч.) во Скопје ќе гостува Спортинг Лисабон кој викендот, исто така, загуби на домашен терен од Мотор Запорожје со 23:31.

Металург – Бешикташ 27:31 (14:14)

ВИП арена „Борис Трајковски“. Гледачи: 2.000. Судии: Дмитри Набокау и Шархеи Кулик (двајцата од Белорусија).

Металург: Томовски, Арсиќ (4 одбрани), Петров, Дрогришки, Јагањац 9, Лапајне, Токиќ, Танкоски 1, Кузмановски 4, Илиќ 4, Анѓелиќ 2, Велковски 1, Пешевски, Палевски 3, Гуглета 3, Димитриевски. Тренер: Лино Червар.

Бешикташ: Каратај, Гунај, Хендави (10 одбрани, 3 седмерци), Вразалиќ 2, Прибак 6, Крсманчиќ 3, Буљубашиќ, Демирезен, Радојковиќ 2, Езбахар 4, Ерсин, Кесер, Нуиќ 7, Томиќ, Доне 7. Тренер: Мевлут Муфит Арин.

Лига на шампиони, 2 коло

Група А

Вардар – Нант 27:23

Барселона – Кристијанштад 31:29

Рајн Некар Левен – Висла Плоцк 31:27

ППД Загреб – ПИК Сегед 23:28

Табела: Вардар 4, Рајн Некар Левен 3, Барселона 3, ПИК Сегед 2, Нант 2, Кристијанштад 1, ППД Загреб 1, Висла Плоцк 0, .

Група Б

Веспрем – Фленсбург 28:27

Алборг – Целје 32:30

ПСЖ – Мешков Брест 32:28

Виве Кјелце – Кил 32:21

Табела: Веспрем 4, ПСЖ 4, Виве Кјелце 2, Фленсбург 2, Алборг 2, Мешков Брест 2, Целје 0, Кил 0.

Група Ц

Динамо Букурешт – Горење Велење 26:27

Елверум – Скјерн 27:32

Адемар Леон – Шафхаузен 29:28

Табела: Скјерн 4, Горење Велење 4, Шафхаузен 2, Адемар Леон 2, Елверум 0, Динамо Букурешт 0.

Група Д

Чеховски медведи – Монпелје 24:28

Металург – Бешикташ 27:31

Спортинг Лисабон – Мотор Запорожје 23:31

Табела: Мотор Запорожје 4, Монпелје 4, Бешикташ 2, Спортинг Лисабон 2, Металург 0, Чеховски медведи 0.

Бешикташ Лига на шампиони Лино Червар Металург Немања Прибак ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.