Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Червар: Горди се враќаме дома

0
By Нова ТВ on January 21, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија го заврши настапот на 25. Светско првенство во ракомет. Репрезентацијата која е во почетна фаза на подмладување и овојпат е елиминирана во осминафинале, фаза што беше крајна и при настапите на мундијалите во 2013 година во Шпанија и во 2015 во Катар. „Црвено-жолтите“ четврт-финални соништа, по Германија и Словенија, попладнево во Албервил ги урна и Норвешка која убедливо славеше со 34:24.

Заморот, неиграњето на Миркуловски и Манасков и промашените зицери беа пресудни за поразот од Норвежаните. Особено ова се однесува на второто полувреме. И покрај стативите што неколку пати беа погодени, Македонија беше рамноправна и на теренот и на семафорот по половина час игра (12:10). Но, второто тргна лошо и заврши со двоцифрен минус на што кумуваа избрзаните реакции, погрешни додавања и лесно примени голови од полето на противникот и по полуконтри и контри кога и Колев и Трајковски беа на клупата.

Фото: francehandball2017.com

Селекторот Лино Червар истакна дека е задоволен од севкупниот настап на националниот тим на ова СП. Заморот, вели тој, потоа отсуството на двајца од клучните ракометари, промашените зицери беа решавачки за поразот. И, секако, квалитетот што е на страна на Норвешка која неспорно важеше за фаворит пред натпреварот.

„Да бидеме реални, Норвешка беше подобра. Отсуството на Миркуловски и Манасков беа голем хендикеп за нас. Промашивме и неколку зицери во првиот дел, во вториот останавме без сила. Сето тоа пресуди. На играчите што настапија немам што да им забележам. Можеме да бидеме задоволни од настапот на ова Светско првенство. Горди се враќаме дома“, истакна селекторот по средбата со Норвешка.

Фото: francehandball2017.com

Кире Лазаров на сите мечеви на овој мундијал беше најефикасен македонски ракометар. Така беше и денеска. Капитенот постигна шест гола колку и Магнус Јондал и Еивинд Танген за Норвешка. По пет реализираа Стојанче Стоилов, Сандер Сагосен, Бјарте Мирхол и Кристијан Бјорнсен.

Пласман во четврт-финале осигура и Франција по победата над Исланд со 31:25. Во терминот 20,45 часот ќе играат Бразил – Шпанија и Русија – Словенија.

Норвешка – Македонија 34:24 (12:10)

Олимписка сала во Албервил. Гледачи: 4.500. Судии: Ренарс Лицис и Зигмарс Сондорс од Летонија.

Норвешка: Кристенсен (2 одбрани), Бергеруд (10 одбрани), Сагосен 5, Хикеруд, Мирхол 5, Оверби, Тонесен 1, Јондал 6, Бјорнсен 5, Линдбо, Гулеруд 3, Род 1, О’Саливен, Танген 6, Јоханесен 2, Хансен. Селектор: Кристијан Берге.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 4 минути. Загубени топки: 5

Македонија: Колев (6 одбрани), Трајковски (3 одбрани), Стоилов 5, Арнаудовски, К. Лазаров 6, Митков 2, Дрогришки 1, Талески 1, Миркуловски, В. Маркоски, Н. Маркоски 3, Георгиевски 1, Ф. Лазаров 1, Ојлески 1, Нелоски, Пешевски 3. Селектор: Лино Червар.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 8 минути. Загубени топки: 10

СП во ракомет

Осминафинале

Норвешка – Македонија 34:24

Франција – Исланд 31:25

Лино Червар Македонија Норвешка Осминафинале СП во ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.