Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Червар предупредува: Повеќе се плашам од нас отколку од Ангола

0
By Нова ТВ on January 14, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија вечерва (20,45 ч.) оди по осминафинале на Светското ракометно првенство во Франција. По Тунис на ред е меч со Ангола во кој евентуална победа, многу веројатно, ќе значи и место во нокаут фазата на мундијалот.

„Црвено-жолтите“ се фаворити и во очите на јавноста и во понудата на обложувалниците. Таквата улога на хартија, сепак, ќе треба да се оправда и на теренот. Селекторот Лино Червар нагласува потреба од идентичен пристап како против Тунижаните. Место за еуфорија нема, составот останува ист, а таква мора да остане и страста за нова радост.

Анголците се скенирани од острото око на Хрватот. Прегледани се неколку пати нивни натпревари, издвоени се силните и слаби страни, но заклучок останува предупредувачки. Не толку од потенцијалата закана од противникот колку од сопствената глава. Притоа е наврати 14 години наназад во минатото кога ја освои првата светска шампионска титула со Хрватска на турнирот во Португалија.

„Таму станавме светски прваци, но загубивме од Аргентина. Одговорот е едноставен. Менталитетот на селекците на Балканот е таков. Мечот го почнавме без жар, опуштени и со тактизирање. Е, така не може против никого“, коментира Червар.

Затоа и пораката од неговото лично искуство треба да се прифати без приговор. Само со присебност, со концентрација, со разум и борбеност и „останување на терен“ во тек на сите 6о минути ќе води до посакуваниот епилог.

„Ќе бидам отворен и ќе кажам дека повеќе стравувам од нас отколку од Ангола. Епизодата „Аргентина“ што ја имав со Хрватска не смее да се случи вечерва. Најважна е победата и нема калкуации за нејзин дофат. Така треба да влеземе во мечот што се надевам дека и ќе биде. Ниту одиме на гол-разлика ниту ќе уриваме рекорди“, потенцира трофејниот хрватски стратег.

Ангола беше убедливо поразена од Словенија (25:42) во првиот натпревар во групата Б.

Денеска на СП во ракомет

Група А

Бразил – Полска (14,45 ч.)

Норвешка – Русија (17,45 ч.)

Група Б

Исланд – Словенија (14,45 ч.)

Тунис – Шпанија (17,45 ч.)

Ангола – Македонија (20,45 ч.)

Група Ц

Унгарија – Хрватска (20,45 .)

Група Д

Египет – Данска (20,45 ч.)

 

 

 

Ангола Лино Червар Македонија СП во ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.