Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири починати лица, 126 нови пациенти и 48 излекувани во последните 24 часа

0
By Нова ТВ on June 30, 2020 ВЕСТИ
Фото: skopskoeho.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 30, 2020 15:26

Четири починати лица, 126 новозаболени и 48 оздравени е ковив билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од таму посочуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.140 направени тестови кои покажале позитивни резултати кај 66 лица во Скопје, 19 во Тетово, 15 во Штип, шест во Куманово, четири во Кавадарци, по три во Ресен и во Прилеп, по две во Струга, во Велес, во Гостивар и Пробиштип и по едно лице во Битола и во Свети Николе.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 48 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 43, во Штип – 1, во Битола – 1 и во Ресен – 3. Починати се четири лица – по еден пациент од Скопје, од Прилеп, од Тетово и од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово на возраст од 56 години, во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на возраст од 56 години, во болницата во Гостивар почина пациентка на возраст од 71 година, а во Прилеп пациент на возраст од 83 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.557. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 3.071, активни 2.007
Куманово – 756, активни 299
Дебар – 92, активни 40
Штип – 345, активни 160
Прилеп – 261, активни 36
Тетово – 700, активни 384
Струга – 220, активни 135
Велес – 185, активни 40
Битола – 51, активни 17
Охрид – 167, активни 143
Кавадарци – 19, активни 13
Гостивар – 119, активни 63
Гевгелија – 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 15, активни 10
Крива Паланка – 15, активни 9
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 6, активни 3
Кочани – 69, активни 22
Пробиштип – 19, активни 11
Демир Хисар – 2, активни 1
Македонски Брод – 4, активни 2
Пехчево – 6, активни 3
Берово – 2, активни 0
Валандово – 6, активни 2
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 4, активни 1
Свети Николе – 28, активни 24
Кичево – 30, активни 25
Ресен – 103, активни 94
Неготино – 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.140 теста се преку ИЈЗ – 489, преку „Авицена“ – 106, преку „Биотек“ – 110, преку МАНУ – 115, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 180, преку „Систина“ со PCR метода – 120 и преку ЦЈЗ Битола – 20. Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени осум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 18 нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 140 пациенти од кои 11 се поставени на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 435
Аеродром – 160
Бутел – 155
Гази Баба – 171
Центар – 139
Карпош – 157
Сарај – 153
Кисела Вода – 118
Ѓорче Петров – 115
Студеничани – 101
Шуто Оризари – 81
Арачиново – 53
Илинден – 33
Петровец – 19
Чучер Сандево – 17
Сопиште – 12
Зелениково – 2
Странец – 2
Нераспределен – 84

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.