Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фотогалерија) Четирите куќи од громот изгореле до темел за неполн час, Прилеп се мобилизира за помош

0
By Соња Крамарска on July 28, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 28, 2022 13:51

„Рано утрово ги посетив семејствата на опожарените куќи и сочувствувам со нивната трагедија. После удар на гром за неполн час изгореа 4 семејни куќи, кои што оставија пустош зад нив и сета онаа печалба во животот на луѓето ја снема за 5 минути“, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески при денешата посета на семејните куќи кои изгореа во синоќешниот пожар.
„За среќа пожарот не однесе човечки жртви, причинета е огромна материјална штета, речиси до темел се изгорени четирите семејни куќи. Ги повикувам сите општествено одговорни компании да помогнат секој во доменот на можностите, како и хуманите граѓани на општина Прилеп, но и од цела Македонија, со цел да се обноват овие домови и семејствата да се вратат во нормален живот“, рече Јовчески.

Инаку на семејствата кои повеќе немаат каде да престојуваат им е понудено сместување во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“, како и во студентскиот дом „Орде Чопела“, каде што секојдневно ќе добиваат и топли оброци.
Од Центарот за социјалните работи во Прилеп истакнаа дека на секое од семејствата ќе им биде доделена парична помош во висина од 30.000 денари, односно максимумот кој е предвиден за помош на семејства погодени од елементарни непогоди. Исто така, по изгласување на одлука на Советот, Општина Прилеп исто така ќе помогне со парични средства.

Нема повредени, седуммина прилепчани се спасени, но се вознемирени и потресени затоа што останаа без покрив над главата. Протипожарната единица од Прилеп повикот го примила во 12 минути по полноќ, веднаш пристигнале. Интервенирале со 10 возила и 17 пожарникари, а спасувале и инвалидизирано лице.

Сопствениците велат дека животите им ги спасиле соседите кои го виделе громот и пожарот и веднаш реагирале.

Пецо Илиески со својата ќерка Марина велат дека сега се во безизлезна состојба.

„Спиевме и ги слушнавме соседите како викаат да излеземе. Громот удрил на балконот и веднаш ги зафати куќите, сите четири се една до друга. Ако соседот не викаше, можевме да изгориме. Сега немаме ништо. Ве молам сите колку што можете да ни помогнете. Изгореното е сето што го имавме“, апелира вели Пецо Илиески.

Неговата ќерка Марина вели дека никогаш нема да ја заборави страшната глетка.

„Пред очите гледав само пламен. Мојот дом, моето детство, спомените гореа. Како да ми гореше душата, а тука сите четири семејства сме речиси заедно, секој со својата лична трагедија и досега, кому му умреле блиски, кој е сам. Ова е страшно“, вели Марина.

Ивана Ѓорѓиеска, сопственичка на една од изгорените куќи, вели дека морала да ја буди брзо својата мајка. „Порано си легнавме, кога слушнавме брзо почнав да ја будам мајка ми која не се чувствуваше добро. Домот ни е уништен“, вели Ивана Ѓорѓиеска.

Командирот на одделение во прилепската противпожарна единица Златко Наумоски вели дека веднаш стигнале, но чекале околу 25 минути за да се исклучи струјата.

„Кога стигнавме огнот беше разгорен. Зафатени беа четирите куќи, една до друга. Прво стигнаа две противпожарни возила и вкупно интервениравме со 10 и 17 пожарникари. Постоеше опасност и за друга станбена зграда. Па, ги чекавме екипите да ја исклучат струјата, околу 25 минути. Се случило и порано да почекуваме. Немаше повредени, но итната помош интервенираше за луѓето да се смират зашто ова е голема трагедија. Помагавме да се евакуира и едно инвалидизирано лице“, изјави Наумоски. (Р.Н.)

градоначалник Борче Јовчески ГРОМ изгорени куќи Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.