Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четворица банкари се меѓу обвинетите во случајот со фалсификувани американски долари

0
By Нова ТВ on June 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 25, 2019 11:58

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвининие против осум лица од Кавадарци за фалсификување и пуштање во промет на лажни американски долари и против четворица вработени во   банка во Кавадарци за злоупотреба на службена положба и овластување.

Вработените во банката од кои двајца шалтерски работници, раководител и заменик раководител на експозитурата во Кавадарци, примиле и откупиле вкупно 696 лажни банкноти во апоени од по 50 американски долари, во вкупен износ од 34.800 американски долари.

Тие ни рачно ни  машински не ги провериле банкнотите за да ја утврдат нивната автентичност, а раководителот на експозитурата и неговиот заменик не извршиле контрола на почитувањето и спроведувањето на прописите на Народната банка за постапување при размена на девизни средства, со што на штета на банката е исплатен вкупен износ од 1.727.545 денари.

Првообвинетиот, како што информираат од ОЈО, во временскиот период од 17 април до 3 мај 2018 година ја искористил деловната соработка со експозитурата на банката во Кавадарци и пуштил во оптек лажни пари – 137 банкноти во апоени од по 50 американски долари.

Банкнотите се разликувале од оригиналните според техниката на печатење, видот на хартијата, техниката на печатење на сериските броеви, водениот жиг, заштитниот конец, оптичката варијабилна боја и неимитираната ИП заштита. Овие банкноти тој ги продал во банката со потврда за купување/продавање ефективни странски пари.

Во истиот временски период,  ги  поттикнал и другите обвинети од кои петмина се негови роднини да пуштат во оптек лажни пари во апоени од по 50 американски долари.

Тој им дал вкупно 559 вакви банкноти, а откако ги замениле во денари парите ги уплатил на сметка на правните лица кои се во негова сопственост и во сопственост на уште еден од обвинетите.

Обвинителството бара од Судот да ги продолжи мерките на претпазливост за обвинетите – повремено јавување кај определено службено лице во Основен суд Кавадарци и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

банка долари обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.