Закон за евтаназија од денеска е во сила во Шпанија, што ја прави четврта земја во Европа која им овозможува на пациентите со неизлечива болест доброволно да стават крај на страдањата.
Законот беше еден од приоритетите на владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез.
Долниот дом на Парламентот го усвои законот во март.
Покрај Шпанија, евтаназијата е легализирана во Европа во Холандија, Белгија и Луксембург.