Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четврто издание на „Добро Утро Креативци“, Саем за размена на креативни искуства и размисли

0
By Ана Василевска on June 4, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 4, 2024 14:06

Оваа сабота 8 јуни, со почеток од 12:00 часот во Центарот за иновации и дизајн „Јавна
соба“, по четврти пат ќе се одржи Саемот за размена на креативни искуства и размисли
насловен како: „Добро Утро Креативци“

Настанот е во организација на Скала, Школа за дизајн и технологија и „Скала Магазин“ –
прва дигитална платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на
млади креативци и студенти во Скала со цел нивно поврзување со индустријата и
поддржување на културните настани и сцена.

„Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните
случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, технологијата,
културата и образованието. Програмата оваа година вклучува базар со над 13
изложувачи, студенти на Скала со нивни: дизајни, фотографии и ракотворби, 8
бесплатни работилници од областа на маркетинг, дизајн, технологија и кариера како
и панел дискусија на тема: Пораснав и што сега? Како да започнеш кариера (?)“- велат
организаторите.
Настанот е наменет за сите љубители новите трендови во дизајнот, технологијата, светот
на маркетинг и комуникации, кои сакаат да стекнат нови вештини, но и размислуваат за
следните чекори во нивната кариера.

 

Агендата на настанот е поделена во три сегменти:
12:00ч – 17:00ч- Базар // Дизајн + Уметност!
Учесници: Анастасија Стевковска, Дона Димов, Крсто Глигорјадис, Катерина Симјаноска,
Милена Петковска, Моника Стојковска, Огнен Анчевски, Стефани Стојановска, Стефан
Божиновски, Стефан Ничевски, Трајче Стојанов,Наташа Латиновска и Нела Стојанова.
12:00ч – 17:00ч – Работилници // Маркетинг + Дизајн + Технологија + Кариера!
БЛОК I во терминот 14:30ч – 16:30ч
⌁ МАРКЕТИНГ: AI tools во маркетинг / Владимир Ристевски
⌁ КАРИЕРА: Оптимизирај го твојот Linkedin профил / Елена Костовска
⌁ ВЕБ ДИЗАЈН: UX/UI for dummies / Андреј Стамевски
⌁ ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Илустрација и визуелна метафора /
Андреј Павлов

БЛОК II во терминот 12:00ч – 14:00ч
⌁ КАРИЕРА: Од идеја до старт-ап (Lean Canvas Model) / Крсто Златков
⌁ ТЕХНОЛОГИЈА: 3D Печатење / Јелена Џокиќ
⌁ ФОТОГРАФИЈА: Автопортрет, самослик, селфи / Драги Неделчевски
⌁ МОДА: Редизајн и поправка на облека / Катерина Тошева + Андријана Павловски
Работилниците се бесплатни, а бројот на учесници ограничен. Регистрацијата е
задолжителна и истата може да ја направите на следниот линк:
https://skala.edu.mk/prijava-za-rabotilnica-dobro-utro…/
17:00ч – 19:00ч – Панел дискусија: Пораснав и што сега?
Дискусијата во својот фокус ќе ги има клучните прашања: Што по факултет или академија
(?) Како да започнеш кариера (?) Како да се вработиш или основаш компанија (?)
Говорниците на панелот се од четири различни гранки во индустријата, со различни
кариерни патишта. Нивното работни портофлио е богато со различни искуства кои се
вредни да се споделат и слушнат.
Говорници:
⌁ Андреј Павлов / Графички дизајнер / DIVISION – маркетинг агенција
⌁ Бојан Матејин / Video Content Creator / PUBLICIS – маркетинг агенција
⌁ Бинаса Дрндар / HR Business Partner / INSCALE- IT компанија
⌁ Мирјана Јосифовска / Моден дизајнер / Мирјана Јосифовска – моден бренд
Модератор:
⌁ Дејан Џолев – Основач и CEO на „Скала“, Школа за дизајн и технологија; Ко-основач и
Главен уредник на „Скала магазин“, платформа за дизајн и визуелни уметности; Визуелен
артист, Филмски режисер и Едукатор.
Доколку сакате да бидете дел од оваа дискусија вашето учество може да го пријавите на
следниот линк: https://skala.edu.mk/prijava-za-panel-diskusija-dobro…/

Повеќе информации за овој може да прочитате тука.

„Добро Утро Креативци“ Јавна соба Кретивност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.