Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чилиманов до Бишевац: Ти си бегалец од негде, што добил државјанство

0
By Нова ТВ on October 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 13, 2016 13:32

123

Жестоката дебата за политиката криза помеѓу членот на Ад-хок телото за медиуми, Цветин Чилиманов и поранешниот пратеник, Сафет Бишевац на телевизијата 24 Вести, вчера вечер премина и во лични напади.

„Сафет ти си бегалец, од некоја земја дојден тука, си добил државјанство“, гласеа зборовите на Чилиманов кои ја вжештија атмосферата во студиото на вчерашната дебата на ТВ 24Вести и новинарката Душица Мрѓа мораше да повика да бидат пуштени реклами.

Бишевац и Чилиманов дебатираа за политичката криза и изборите, но атмосферата стана тензична кога се споменаа гласачите од Пустец. Според Чилиманов, тие се легитимни државјани на Македонија, додека Бишевац истакна дека тие се дел од местењето на изборите.

„Чилиманов: Губат како магариња на сите избори.

Бишевац: Во бомбите на Заев се виде како ги губеле изборите, ептен видовме.

Чилиманов: Е како, со Пустец. Сафет ти си бегалец од некоја земја дојден тука си добил државјанство. Ние имаме луѓе од Албанија, Македонци, кои побарале државјанство, кои се три, четири илјади преку сила. И сега Катица Јанева и Заев го апсат градоначалникот на Пустец како куче, што признава дека е нелегитимно што во Македонија на македонски граѓани им дале државјанство, на луѓе кои не можат промил да влијаат врз изборите. Тие не можат локални да ги свртат, а не па национални кои СДС ги губи со 200 илјади. Доста со овие приказни, напорно е, дајте искочете на избори, ќе изгубите и готово. Ако добиеш некое пратеничко место со среќа, ако не, со здравје.

Бишевац: Јас како тебе кој е политички неутрален, треба да отидам во Kабинетот на претседателот на државата, тоа е едно. Значи јас сум на пример бегалец од Сирија, паднат од Марс… Второ, со кое бре право ти си земаш за слобода, да ме наречеш бегалец, кој е дојден овде. Со кое право, освен фашистичко“, гласеше жестокиот дијалог кој може да се погледне во видеото од петнаесеттата минута (15:26).

НОВА разговараше со Чилиманов и го праша дали смета дека како член на Ад хок телото за медиуми е соодветна една ваква реченица за него.

„Сметам дека е соодветна реакцијата бидејќи се прави обид да се проблематизира доселување од други држави во Македонија, и сметам дека е иронично доколку тој проблематизира зошто некој друг се доселил, конкретно од Република Албаница, Пустец“, рече Чилиманов.

На прашањето дали смета дека неговата порака е ксенофобична кон еден дел од граѓаните кои живеат во оваа земја, Чилиманов рече дека нема никаква ксенофобија, туку напротив, тој не сакал никого да спречи да се досели во Македонија, туку Бишевац сакал да спречи.

Сафет Бишевац за НОВА вели дека, како што и вчера истакнал, се работи за еден фашистички пристап.

„ И да е така не значи дека некој не е човек и не треба никој со некого така да се однесува. Јас не сум ни бегалец ниту било кој има право некој да разговара со некого на тој начин, но тоа го покажува односот на една мала група на луѓе кои во оваа земја мислат дека се сопственици на тлото, земјата, воздухот, и тие треба да даваат дозволи кој и како треба да живее. Сакам да верувам дека тука Чилиманов не бил доволно концентриран во дебатата, затоа што го знам од порано, и сакам да верувам дека тоа е нешто што нема да му се повтори никогаш“, рече Бишевац.

Од Советот на честа на ЗНМ, како и од Советот на етика за медиуми велат дека не сакаат да ја коментираат дебатата, бидејќи тие постапуваат само по претставки кои се доставени до нив од страна на индивидуалци или здруженија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.