Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членовите на Судскиот совет кои се под пратеничка закана од интерпелација одговорија на партиските обвинувања

0
By Zoran Ivanov on March 6, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 6, 2025 18:14

Интерпелацијата на петте члена на Судскиот совет што се избрани од пратениците ќе се разгледува на собраниска седница во вторник 10 март, од 11 часот, а овие 5 точки се единствени на дневниот ред. Прва е интерпелацијата на доскорешната претседателка Весна Дамева, а потоа следуваат интерпелациите на Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова-Илиевска и на Миљазим Мустафа.

Сите петмина членови одговорија на наводите во интерпелациите што ги поднесоа 67 пратеници од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и на ЗНАМ.

Во нивните дописи до Собранието меѓу другото наведуваат:

Весна Дамева: Интерпелацијата е директен упад во судската власт и напад на нејзината независност и самостојност. Интерпелацијата, која е предвидена со Устав, не е насочена кон носители на судски функции и не смее така да се толкува. Се навлегува во една состојба од која тешко ќе може да се излезе. Ако овој преседан се случи, во иднина Собранието ќе може да повикува на одговорност и судии во Уставниот суд, со оглед дека и нив ги избира Собранието. Тоа е апсолутно недозволиво, но ќе може да биде оправдано со овој преседан, според кој Собранието ќе може да повикува. Уставот ги дели трите власти, законодавната, извршната и судската, а судската е самостојна и независна и врз неа не е дозволена политичка контрола од Собранието, а во спротивно, таквата контрола значи упад во судската власт. Интерпелацијата е дискриминациска, односно „во насока на остварување на целта за отстранување на членовите избрани од Собранието, тие се дискриминирани наспроти членовите кои се судии, па прашувам дали Уставот важи еднакво за сите граѓани и за сите носители на јавни функции.

Павлина Црвенковска: Уставот пропишува дека Собранието може да поведува интерпелација за Владата и за нејзините членови и за други функционери што ги избира или именува, но не и за членовите на Судскиот совет, затоа што со тоа се нарушува поделбата на власта и се прави упад во судството. Ако членовите на Судскиот совет можат да бидат предмет на интерпелација во Собранието, тоа би значело и потенцијален политички притисок врз судската власт.

Селим Адеми: Ако целта на власта е да се подобри перцепцијата дека судството е независно од политиката, политичката метода со интерпелација е погрешна за таа цел. Во врска со интерпелацијата, не чувствувам ниту морална, ниту каква било одговорност за моето досегашно работење во Судскиот совет. Како член, 11 години сум работел чесно, професионално и посветено, а оценка за мојата работа можат да дадат само судиите.

Тања Чачарова Илиевска: Интерпелацијата е премногу општа и конфузна и повеќе упатува на колективна одговорност, како да е интерпелација за целиот Судски совет, а не упатена кон поединец, член. Отсуствува индивидуализација на пропустите, поточно, каква е мојата улога во изнесените констатации во интерпелацијата и во споменатите дисциплински постапки. Добро е да посочам дека од тие три споменати дисциплински постапки, јас сум подносител на две од нив. Работев чесно, професионално и одговорно во Советот и не чувствува морална одговорност. Ја сметам интерпелацијата за неоснована и барам пратениците да не ја изгласаат.

Миљазим Мустафа: Оваа интерпелација е опасен преседан и е најпогрешниот начин и чекор што можат да го преземат пратениците во нивната благородна намера за воспоставување независен правен систем заснован на правни вредности. Извршната и законодавната власт наместо да отворат дебата за подобрување на состојбата во судството, тие дополнително ја влошуваат и иницираат досега невидена пракса со директен притисок на одредени членови на судската власт, со цел да се повлечат од нивните позиции пред истекот на мандатот, без да се констатира каква било етичка или законска повреда, утврдена во законска постапка.

 

интерпелација одговори Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.