Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членот на Судски совет, Теофиловски сам се пријави во Кривичен суд

0
By Нова ТВ on December 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 31, 2019 11:47

Судијата од Апелацискиот суд во Гостивар и член на Судски совет, Зоран Теофиловски, по 24 часа од полициската акција, утринава самиот се пријавил кај судијата Седат Реџепагиќ во Основниот Суд Скопје 1. Неофицијални информации говорат дека тој се повикал на имунитетот што значи дека Судскиот совет денеска ќе треба итно да се состане и да одлучи дали ќе му го одземе имунитетот на Теофиловски. Неофицијално, Обвинителството побарало мерка притвор.

Теофиловски пред една година стана член на телото кое именува и разрешува судии, а на позицијата дојде од гостиварскиот Апелациски суд. Пријавувањето на Теофиловски следува откако вчера тој не беше достапен за органите на прогонот. Полицијата не го пронајде дома, а беше најавено и распишување потерница по него.

Теофиловски е под истрага од Обвинителството за организиран криминал за противправна легализација на државно земјиште и осомничен е за злоупотреба на службената положба и овластување заедно со уште седум други лица меѓу кои и поранешни вработени во општина Тетово.

Во врска со случајот се јави и Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во кое ја потврди наредбата на надлежен обвинител за спроведување на истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик. Притоа, се вели во дописот на ОЈО, осомничените овозможиле на правното лице (спортско здружение „Љуботен“) да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4.410 м2 откупувајќи го по цена од 43,00 денари за 1м2 или во вкупна вредност од 188.307,00 денари, а на штета на средства на Буџетот на РСМ во висина од 52.920.000,00 милиона денари.

Зоран Теофиловски Кривичен суд Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.