Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска ги прифати началниците на Чулев, рампа само за СВР Скопје

0
By Нова ТВ on January 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев и дополнителната министерка Славјанка Петровска ги усогласија ставовите за началниците и нивните заменици во секторите за внатрешни работи во Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, и во Одделението за внатрешни работи во Прилеп, но не и за началникот на СВР Скопје. Двајцата, според доброупатени извори, ставиле потписи за нивно именување, согласно Законот за Влада, а во услови кога со земјата управува техничка Влада на 100 дена до избори, и за раководните позиции на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, како и за командатот на единица за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во БЈБ.

Илија Милески е именуван за началник на СВР Охрид, а Сашо Смилески за дополнителен заменик-началник, Александар Николов е именуван за началник на СВР Штип, а Марјан Коцев за дополнителен заменик началник. Андреј Василевски ќе ја извршува функцијата началник на СВР Битола, а Славко Јовановски дополнителен заменик началник на овој Сектор. Трајче Георгиоски ќе биде началник на Одделот за внатрешни работи Прилеп во СВР Битола, а Игор Каравилоски дополнителен заменик началник.

Игор Ангеловски е нов началник на СВР Велес, а Злате Јаневски дополнителен заменик началник. Васил Тодоров е именувани за началник на СВР Струмица, а Танчо Пројковски за дополнителен заменик началник на овој Сектор. Филип Филиповски ќе биде помошник на министерот на Одделот за внатрешна контрола, криминилистички истраги и професионални стандарди, Дејан Андонов дополнителен заменик помошник, Сашо Зенговски ќе биде началник на Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, а Бранко Трајановски дополнителен заменик началник на овој Оддел.
Ивица Бисовски се именува на работно место командант на единица за специјални задачи во Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, а Митко Таневски за дополнителен заменик командант. Александар Јанев се именува за началник на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, а Лазо Велковски се именува за дополнителен заменик началник во овој Оддел. Васко Наумовски ќе биде началник на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје во БЈБ, а Примислав Димовски дополнителен заменик началник во оваа Единица.
Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР Скопје, што беше предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Таа вели дека се одлучила на овој чекор бидејќи за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи. Тони Јакимовски е дополнителениот заменик-началник на СВР Скопје.
Именување МВР Наќе Чулев Началници СВР Скопје Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.