Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Орбановиот медиумски блицкриг ги проголта независните медиуми во Србија, Европа е на потег

0
By Xhabir Deralla on August 18, 2026 ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТЕМА, ФЛЕШ ТРИ
Smart city and communication network technology concept. IoT(Internet of Things). ICT Information Communication Network modern device media cloud graphics, Elements of this image furnished by NASA
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 18, 2026 14:55

Преку инвестициската групација „Алпак капитал“, која има длабоки врски со режимот во Будимпешта, извршено е брзопотезно преземање на клучните критички медиуми во Србија. Медиумската опсерваторија на ЦИВИЛ предупредува на сериозна транснационална хибридна операција.

Србија деновиве е сцена на операција за манипулација со сопственоста на медиумите, во која преку ноќ е извршено „обезглавување“ на неколкуте преостанати независни медиуми. Во опсежната анализа насловена „Орбановиот медиумски блицкриг“, Медиумската опсерваторија на ЦИВИЛ и Џабир Дерала предупредуваат дека зад португалската инвестициска групација „Алпак капитал“ (Alpac Capital) се крие директно влијание на унгарскиот државен капитал поврзан со Виктор Орбан.

Преземање пред регулаторното одобрување

Анализата нотира дека на 17 август, среде летните одмори, сопственикот на „Алпак капитал“, Педро Варгас Сантос Давид, експресно е запишан како нов и единствен директор на компаниите што управуваат со медиумската мрежа „Адриа њуз нетворк“. Овој потег резултираше со итно отстранување на досегашните раководни лица на медиумите „Нова“, „Данас“, „Радар“, телевизијата „Нова С“ и „Н1“.

Во анализата на ЦИВИЛ се нагласува дека ова забрзување на интеграцијата се случува додека купопродажниот процес сè уште не добил зелено светло од регулаторните тела, што претставува обид за преземање на контролата пред почетокот на жешката политичка есен во Србија.

Тројанскиот коњ на Будимпешта

За да се разбере вистинската закана, анализата потсетува на европското досие на „Алпак капитал“. Меѓународните истражувања претходно открија дека преземањето на паневропскиот канал „Еуроњуз“ во 2022 година од страна на истата компанија било индиректно финансирано со десетици милиони евра од унгарскиот државен фонд „Сечењи“ (Szechenyi Funds), со цел „ублажување на левичарската идеологија“.

Соочена со политички пукнатини дома по изборниот подем на опозицијата, Орбановиот режим ја консолидира својата хибридна мрежа и го извезува влијанието во регионот. „Бришаниот медиумски простор на Балканот експресно се пополнува од оние чија главна амбиција не е слободниот пазар, туку политичката контрола и ширењето дезинформации“, се вели во анализата.

Тест за Брисел и европските институции

Додека српските новинари и синдикати, поддржани од колегите од регионот, даваат отпор и порачуваат дека нема да бидат нечиј плен, ЦИВИЛ ја лоцира одговорноста и кај меѓународната заедница.

Организацијата отворено ги критикува Европската унија и Европската федерација на новинарите (EFJ) за нивното институционално слепило и пасивност, кои индиректно ги легитимираат ваквите операции.

Анализата завршува со остар повик до Брисел веднаш да ги активира правните механизми, како што е Европскиот акт за слобода на медиумите (EMFA), за да ги следи трагите на парите кои преку прокси-фондови се прелеваат од Будимпешта кон Белград. Во спротивно, се предупредува дека падот на овие медиуми е само почеток на загрозувањето на целиот демократски екосистем во Западен Балкан.


Целосната анализа е достапна на ЦИВИЛ МЕДИА.


Насловна фотографија: Media Stock photos by Vecteezy

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.